Албанската Платформа води кон дестабилизација на регионот и создавање на голема Албанија

Loading...

Универзитетскиот професор и независен политички и општествен експерт Љубомир Цуцуловски, преку свој фејсбук статус упати јасна и недвосмислена порака до Федерика Могерини и ЕУ да ја осудат Платформата од Тирана и Големо албанските претензии кои произлегуваат од истата.Зошто оваа апартна персона не се ангажира за решавање на елементарните човекови права (економски, социјални или целосна здраствена заштита) ниту на кој било начин ја осудува Платформата на албанските партии во Р.М.? Белки толку може да согледа – дека во Македонија не се решаваат човековите, туку групните, националистички интереси на албанската заедница, протежирани од странски држави (Албанија, на пример) и од докажано шовинистички албански партии, кои одат дури до таму и бараат осуда за геноцидот извршен врз Албанците во периодот 1912-1956, заборавајќи за другите жртви – како оние на балистичките сили. Потенцира Цуцуловски.
Во исто време, и ЕУ покажува загриженост дека Македонија може етнички да биде загрозена, пишува Цуцуловски. Тој продолжува : „ Ако е така, тогаш Европа своето внимание нека го сврти кон вистинските проблеми, без да го премолчува с е г а ш н и о т стварен проблем – неумерените и крајно ирационалистички и шовинистички барања од тиранската Платформа. Меѓутоа, нема никаква реакција на Платформата.“ Пишува Цуцуловски, во продолжение напоменувајќи дека ЕУ со своето премолчување е на пат истиот проблем да си го внесе во сопствениот двор. Па така според Цуцуловски во скоро време можат турците да почнат да бараат права во Германија. Алжирците, тунижаните и мароканците во В.Британија, Франција, Белгија и Скандинавските земји.
Цуцуловски напоменува дека Албанската Платформа води кон дестабилизација на регионот и создавање на голема Албанија.
„Затоа, нека прекинат со бесмислените тврдења, оценки и заклучоци. Со„мудрувањата“ нека прекинат и некои кругови во Република Македонија дека двојазичноста не водела кон дестабилизација, дека во Платформата не постело ултимативното барање за осуда на геноцидот извршен врз Албанците, туку за геноцидот на сите граѓани од овие простори. Или, да убедуваат дека Тиранската платформа не водела кон голема Албанија, квази дилема која ја поставува Катерина Колозова. За да нема дилеми за барањата од Платформата, уште еднаш упатувам кон нејзината целосна содржина, бидејќи сѐ друго е празно замајување, кое претпоставува дека пред себе има само малоумници.“ Заклучува тој.Зошто оваа апартна персона не се ангажира за решавање на елементарните човекови права (економски, социјални или целосна здраствена заштита) ниту на

loading...