Албанските партии ќе формираат тело за Законот за употреба на албанскиот јазик

Албанските партии допрва ќе формираат тело за Законот за употреба на албанскиот јазик е заклучокот на денешната средба на ДУИ и Алијансата за Албанците, на која не учествуваше третиот потписник на Платформата, Беса.Зијадин Села Лидерот на ДР-ДПА е подготвен да даде потписи за мандат на Зоран Заев, лидерот на СДСМ, но тоа не значело и поддршка за Влада. Ова го изјави Села по средбата во хотелот „Арка“, додавајќи дека денеска парламентарните партии на Албанците дебатирале за декларацијата на Албанците и како понатаму ќе се одвиваат средбите.
– Во иднина овие средби треба да се држат во Собрание. Дебатиравме околу законот за Албански јазик. Закон кој ќе биде предложен од ова тело, работиме на предлог кој ќе ги задоволува потребите на Албанците – изјави Села.
Според него треба да се отвори Уставот бидејќи во него има многу недоследности.
– Ова е неприфатливо од македонските партии, иако многу земји повеќе пати го менувале Уставот – рече Села.
Села рече дека во новото тело треба да учествуваат по двајца членови од партиите потписнички на Платформата. Тоа треба да ги усогласи ставовите и да го предложи законот за јазиците.Зијадин Села Лидерот на ДР-ДПА е подготвен да даде потписи за мандат на Зоран Заев, лидерот на СДСМ, но тоа не значело и поддршка за Влада. Ова го

Пронајдете не на следниве мрежи: