Алчноста на СДСМ ја уништува Шарената револуција

Тежината која зад себе ја носи Шарената револуција, не е само прашање за промена на политичката атмосфера во земјата. Таа тежина веќе подолго време ја оптоварува јавноста.Компликациите за транспарентноста и пред се` неутралноста на Шарената револуција, се појавија откако во редовите на незадоволни граѓани се приклучија партиски активисти на СДСМ.
Кога ќе се споменат луѓето блиски до оваа партија кои најпрво се криеја во блиските кафулиња или зад демонстрантите за потоа активно да се приклучат во истите протести и да се експонираат со бројни барања до власта, беше повеќе од јасно дека овие облици за израз на незадоволство се најдоа во проблеми поради вмешаноста на политички субјекти.
Истиот политички субјект беше вмешан во скандали со криминал и корупција додека се наоѓаше на власт, а неизоставни беа методите со кои се служеше за да опстои. Откако се смени политичката гарнитура во Македонија, веќе 10 години ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија во државата, чија коалиција со партии чии претставници доаѓаат од различни верски и етнички заедници допринесуваат за развој на соживот и подобра социјално-општествена клима за граѓаните.
Последователното губење на изборите и скоро една декада во сенката на опозицијата, натера одредени луѓе да се обидат да ги преземат работите во раце и со вешти манипулации да направат обиди да се вратат во игра.
Тајмингот и стратегијата беа невешто испланирани, пред се` поради неспособноста со свои ресурси и средства на располагање да се изготви начин за фер-плеј и стекнување доверба кај граѓаните. Наместо тоа, СДСМ одбра да се избори за дополнително влијание преку методи кои веќе се испробани во светот, а кои вклучуваат ненасилно рушење на влади.
Протестите како израз на незадоволство се облици кои се јавуваат во сите земји, но во Македонија станаа специфични поради луѓето коишто стојат зад истите. Откако се укажа шанса да се искористи незадоволството на граѓаните, СДСМ и нивните соработници преку невладините организации почнаа да вршат притисок со што ќе ги отворат вратите до повторното враќање на сцената.
Протестите станаа поорганизирани, ресурсите за располагање станаа побројни и поразновидни, а нивната примена стана добро позната бидејќи истите методи за протестирање резултираа со нереди и крв.
СДСМ мислеше дека тој начин ќе успее и кај нас, но во редовите се појавија неистомисленици. Многумина се прашуваа дали бомбите се вистински начин за да се менува политичкиот живот во земјата, се вршеа уцени со наводни доказни материјали, се формираше техничка влада по Пржинскиот договор. Откако се направија промените, Македонија повторно се врати на старото.
И грешката беше пронајдена – СДСМ не смееше да си дозволи да се вмеша и да ги уништи граѓанските протести со своето присуство. Пред се`, затоа што се декларираат како неутрални, а тоа тврдење се руши со присуство на опозиционери во редовите.
По тој повод, Бранко Тричковски напиша статус на Фејсбук:
„Шарената револуција е единствениот фактор на преговорите на Македонија со самата себе и со светот и на светот со неа. Шарената револуција треба да се конституира како политички субјект во кој ќе се регистрираат сите нијанси на политичкиот и граѓански спектар што маршира. Во таа композиција, СДСМ треба да биде важна нијанса- партијата ја загуби водечката улога во промените, да не зборуваме за авангардниот статус кој никогаш и не успеа да го достигне. Шарената револуција е местото кај што партијата на најпродуктивен и конструктивен и одговорен начин ќе ја прифати реалноста која вели дека не сосема го има загубено статусот на субјект на промените, но дека е време да прифати дека е израсната во убав објект на промените.
Категорично мора да се отфрлат политичките колаборационисти на режимот како неподносливо оптоварувачки елементи на промените. Четирите партии и лидери се тотално дисквалифициран формат. Граѓаните нема да ги прифатат резултатите на тие преговори. Заев има шанса да задржи дел од својот политички капацитет така што сместа ќе се повлече од сите преговори во кои тој и неговата партија не се само дел од општиот фронт на слободата!“
Овој статус беше напишан пред месец дена, а откако поразот и фаталната грешка на СДСМ беше пронајдена, се појавија првите знаци на незадоволство и кај нивните медиумски гласници:

Оваа тема требаше одамна добро да се начне и анализира, како што тоа го направија повеќе јавни личности на социјалните мрежи. Грешката на СДСМ лежи во нивниот вечен проблем – по увидот дека методите од комунистичко време со прислушување се со поминат рок, се појавија првите меѓупартиски несогласувања.
Токму тие несогласувања и различни аспирации кон позиција ја рушат партијата одвнатре. Можеби им треба една внатрешна револуција да ги исчистат кадрите кои им вртат грб и покажуваат заби кога е најгусто, па потоа да размислуваат кога е време да се води борба за подобра држава:
Компликациите за транспарентноста и пред се` неутралноста на Шарената револуција, се појавија откако во редовите на незадоволни граѓани се приклучи

Пронајдете не на следниве мрежи: