Александар Соколовски и Мери Јанева најдобри македонски спортисти за 2014 година

Државните шампиони во куглање на Република Македонија за 2014 година Александар Соколовски и Мери Јанева се прогласени за најдобри млади спортисти на Скопје за изминатата 2014 година, во рамките на Изборот на спортисти, тренери и екипа на град Скопје за 2014 година.Оваа награда е донесена во согласност со Програмата за работа на Сојузот на спортови на Скопје, Програмата за активностите во областа на спортот во град Скопје за 2014 година и Критериумите за избор на најуспешни спортисти, тренери и екипа на град Скопје. Со оваа одлука беа избрани најдобри 10 спортисти сениори, најдобри 5 спортисти младинци, најдбра екипа и најдобри тренери.
– Покрај вложувањата на Град Скопје во врвниот спорт, во рамките на нашите можности ќе продолжиме со поддршката и со вложувањата во нашата база и иднина, средношколскиот спорт, кој изминативе години направи очигледен напредок и пробив, според планираното и според ветеното. За тоа, секако говорат и резултатите и масовноста, но и успесите кои нашите средношколци, со огромно залагање на своите професори, во континуитет ги постигнаа и ќе ги постигнуваат на гостувањата во збратимените градови – Ниш, Загреб, Белград, Софија, Љубљана – кажа на манифестацијата градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Соколовски и Јавева на манифестацијата им беа доделени признанија, плакети и панична награда во износ од по 7.000 денари (согласно Критериумите на Сојузот на спортови на Скопје).
Изминатава 2014 година беше исклучително успешна за Соколовски и Јанева, кои станаа државни прваци во куглање на овогодинешното Државното поединечно првенство во куглање за сениори и јуниори за 2014 година, каде Александар Соколовски во двата натпреварувачки дена оствари резултат од вкупно 1228 сободени дрва, додека Мери Јанева, во двата натпреварувачки дена оствари резултат од вкупно 1055 соборени дрва.Оваа награда е донесена во согласност со Програмата за работа на Сојузот на спортови на Скопје, Програмата за активностите во областа на спорт

Пронајдете не на следниве мрежи: