Александра Јанева по втор пат е победник на Макфст 2016 со песната „За сто години“ која ја потпиша Ристо Самарџиев. Таа воедно ја доби и наградата за најдобра вокална интерпретација која од годинава се вика „Драган Каранфиловски-Бојс„ и секако првата наградаод 10.000 евра.Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второ пласирана и доби 7500 евра а воедно е и добитничка на наградата за најдобар сценски настап во вредност од 1000 евра.Трето пласирана е младата Антонија Гиговска со темата „За нас“ која доби 5000 евра и воедно е освојувач на наградата за дебитант која од оваа година го носи името „Душан Љубисавлевиќ-Дуле“ во вредност од 1000 евра.
Најслушана песна меѓу двата фестивала е „Срце да се отвори“ која заеднички ја отпеаја Зуица Лазова и Јоце Панов а Дамер Имери е добитник на признанието за најдобар аранжман „Драган Ѓаконовски-Шпато“.
– Генерална оценка е дека годинава имаше голем интерес за Макфест и дека композициите вратија дел од сјајот на 31.то издание на фестивалот. Работата успешно ја заврши пред се уметничкиот директор Љупчо Мирковски кој успеа професионално да си ги заврши обврските и по две години, благодарение на неговиот голем ангажман ние конечно имаме и ЦД со сите композиции кои дополнително ќе потсетуваат на фестивалот. Ревискиот оркестар на МРТВ беше феноменален, изведувачите исто така, а сметаме дека одиме чекор натаму со самото тоа што по речиси неколку децении имавме и седум странски изведувачи со што Макфест имаше и меѓународен карактер. И тие беа воодуешевени од фестивалот, од организацијата и одлично се претставија пред публиката што резултираше со многу гласови за нив. Голема благодарност и до водителот Димитар Атанасовски и режисерот на преносот Перо Попов и целата екипа на МРТВ кои придонесоа Макфест да биде успешен. Ние се трудиме да ја продолжиме приказната за Макфест, бидејќи тоа е еден од традиционалните белези на Штип и фестивалот мора да живее бидејќи без него не губи само Штип, туку и македонската музика…и затоа толку се трудиме околу неговото опстојување и организација – изјави Драган Ристов, од прес центарот на Макфест
Макфест е во организација на Општина Штип и се оддржа на 2,3 и 4 јуни со директен пренос на МРТВ.На него настапија 30 изведувачи од кои 7 од странство. Во двете полуфинални вечери беа изведени по 15 композиции а во финалето 20. Се гласаше на три начина, со СМС, петчлено меѓународно жири во кое имаше и двајца странци а за прв пат меѓу себе гласаа и пејачите.Симона Попоска со песната „Ќе најдам друг“ е второ пласирана и доби 7500 евра а воедно е и добитничка на наградата за најдоба



