Александра Јанева подарува инструменталки за 5 песни

Од денес на официјалниот YouTube канал на младата пејачка Александра Јанева се прикачени нови пет видеа. Таа во пакет ги подарува нејзините пет најбарани песни во инструментална верзија.„Секојдневно ме контактираат млади таленти и бараат инструментални верзии за настапи. Драго ми е што веќе дел од моите песни се пеат, без разлика дали во домашна атмосфера, на некоја сцена или на ТВ шоу. Се надевам дека овие видеа ќе бидат олеснување и дополнителна мотивација за идни таленти“, вели струмичанката Јанева.
Антониа Гиговска, Тина Русева, Драгана Костова, Трајче Ѓоргиев и Сара Гигова се само дел од младите таленти кои одбрале да се претстават на балкански музички натпревари со некоја од песните на Александра Јанева. Освен најпеаната „Врати ми го сонцето“ со која таа првпат се појави на националната сцена, на нејзиниот канал се споделени и песните: „Во твојот свет“, „Еве ме пак“, „За сто години“ и „Најмило мое“. За сите композиции подготвени се видеа на кои го има текстот и инструментална верзија со придружни вокали.
В петок 16 септември, посетителите на Пастрмалијадата во Штип ќе имаат прилика да ги слушнат оригиналните изведби во живо на настапот на Александра Јанева. Таа ни откри дека следно што може да се очекува е видео записот на најновата нејзина последна песна „Најмило мое“ кој треба да биде промовиран до крајот на месец септември.
Линк до плејлистата со инструменталки„Секојдневно ме контактираат млади таленти и бараат инструментални верзии за настапи. Драго ми е што веќе дел од моите песни се пеат, без раз

Пронајдете не на следниве мрежи: