четврток, 12 ноември 2026
Најново

Александра Пријовиќ одговори на јавните префрлања на Карлеуша!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Спрската пејачка Александра Пријовиќ одговори на острата порака која Јелена Карлеуша  ѝ ја упатила!„Ќе ја уважиш селанката Прија (поради Брена), ќе ѝ напишеш добар  совет, а таа тоа го  брише и  повторно објавува фотографија со  алка на ногата. Што  е рурално педигре“, објавила ЈК на својот Твитер профил.
Но, доколку  очекувавте дека Пријовиќ ќе каже нешто непримерно или  безобразно, се лажете.
 Александра ѝ вратила, но  со  крајно пристоен коментар.
„Ја почитувам секоја колешка и на сите им посакувам среќни празници  и  се најдобро во новата година“, напишала Пријовиќ.
Да потсетиме, конфликтот  помеѓу овие две пејачки започна на 2 јануари кога Александра се фотографирала со Цеца Ражнатовиќ што ја поттикнало Карлеуша да ѝ остави брутален коментар  на Пријовиќ.
„Драга Александра, многу  си ми  драга и  слатка. И затоа сега ќе ти  го напишам ова. Немој никогаш повеќе да се сликаш со оваа жена која е осуден криминалец и жена на воен  злосторник, чии најдобри пријатели  и кумот  го киднапираа братот на твоето  момче Филип, Стефан, за кого  е платен милионски откуп. Тебе овој полсвет  не ти  е  потребен. Среќна нова година и  продолжи да блескаш“, ѝ напишала Јелена.
 Александра потоа  одлучила да ја избрише  таа фотографија со сите коментари, а потоа поввторно  ја објавила истата фотографија со  коментар  дека на својот профил сака да види  исклучиво  позитивна енергија.„Ќе ја уважиш селанката Прија (поради Брена), ќе ѝ напишеш добар  совет, а таа тоа го  брише и  повторно објавува фотографија

Поврзани вести