Али Ахмети политички уценуван!

И до половина милион евра им било барано на функционери на ДУИ за во јавноста да не излезат компромитирачки снимки со приватни разговори, тврдат за „Дневник“ од партијата на Али Ахмети.Од ДУИ не откриваат колку функционери биле уценувани, од, како што велат, подземјето, но информираат дека снимката со приватен телефонски разговор меѓу пратеничката Ермира Мехмети и доскорешниот вицепремиер Муса Џафери ја дале на вештачење и оти се потврдило дека е монтирана.
Вештачење на снимката е побарано да изврши и специјалното јавно обвинителство на Kатица Јанева. Дека функционери на ДУИ се предмет на уцени, закани и оти имало обиди за изнудување пари за снимките, потврди лично и лидерот на партијата, Али Ахмети, за телевизијата „Алсат-М“.
– Нашите функционери се уценувани од подземјето што ги има снимките, ги монтира и бара и до 500.000 евра за тие да не бидат пуштени на социјалните мрежи и каналот „Јутјуб“. Пари се барани лично од функционерите – велат од ДУИ, пренесува весникот.
Партиски извори за ДНЕВНИК велат дека со вештачење потврдиле оти снимката меѓу пратеничката и Џафери е монтирана и лепена. Од таму велат дека Мехмети и формално побарала од СЈО да направи вештачење на снимката. Пратеничката за компромитирачката снимка поведе постапка и пред скопското Јавно обвинителство.
-Од ЈО не откриваат колку предмети оформиле по барање на функционери на ДУИ за приватни снимки, освен тој за пратеничката Мехмети и дали некои од функционерите од партијата на Ахмети пријавил до Обвинителството дека е предмет на закани и уцени, пишува весникот.
– Постапките се во тек. Побарано е од МВР да утврди кој стои зад снимките и тие да бидат отстранети од социјалните мрежи и каналот „Јутјуб“ – велат од скопското Обвинителство.
Не се откриваат повеќе детали бидејќи предметите се во предистражна постапка за да не се попречи во истрагата. Ахмети, пак, во интервјуто откри дека 70 отсто од незаконски прислушуваните материјали, што опозицискиот СДСМ ги предал на тимот на Kатица Јанева, се со разговори на Албанци, односно на функционери-Албанци и дека само за него има 17.000 прислушувани телефонски разговори кои се транскрибирани.
– Најприслушуваниот човек сум јас. Според информациите што ги имаме, не само еден разговор, туку има 17.000 телефонски разговори што сум ги направил кои се транскриптирани и обработени, а илјадници други се необработени. Секогаш кога ДУИ требало да донесе одлуки, кои зависеле само од неа, во деликатни моменти, јас добивав некои пораки од Белград, нека го направи овој потег Али Ахмети, оти ние ќе објавиме прислушуван разговор, на пример, каде што тој го пцуе пророкот Мухамед. Не е случајно кога реков – се што имаат за мене нека објават и приватни разговори. Kога го реков тоа не сум бил, како да кажам, кретен, туку тоа сум го кажал сериозно бидејќи сите такви материјали ги отфрлам како целосно невистинити – вели Ахмети.
Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИКОд ДУИ не откриваат колку функционери биле уценувани, од, како што велат, подземјето, но информираат дека снимката со приватен телефонски разговор

Пронајдете не на следниве мрежи: