Алжир постигна историски успех, Белгија без грешка

Фудбалерите на Алжир се пласираа во осминафиналето на светското првенство откако одиграа нерешено во третото коло од  групата Х против Русија.Алжир за прв пат во историјата се изборија за пласман во осминафинале, а за репрезентацијата ова е четврто учество на Мундијалот.
Во првото полувреме од мечот во Куритибаделуваше дека Русите ке триумфираат, бидејќи од шестата минута ведоа со голот на Александар Кокорин.
Продолженито од мечот им припада Алжирците, кои изедначија преку Ислам Слиман, а се се должеше на грешката на голманот на Руската репрезентација Игор Акинфејев.
До крајот на натпреварот Русија го притискаше ривалот, но фудбалерите на Алжир перфектно го одбранија голот.

Во другиот дуел, кој се одигра во Сао Паоло, Белгија и Јужна Кореја го одиграа веројатно досега најздодевниот натперевар досега на Мундијалот. Белгијците го потврдија првото место во групата и вложила минимални напори да стигнат до победа.
Монотонијата најпрвин ја прекина црвениот картон кој му бше доделен на Стивен Дефур. Сепак, тоа не им засмета на „црвените ѓаволи“ да постигнат гол во 78 минута преку Јан Вертонген и со тоа да забележат уште една победа.
Белгија во осминафиналето ќе игра против САД, кој ке се игра на 1 јули во Салвадор. Репрезаентацијата на Алжир во истото коло ќе има многу потешка задача, бидејќи ги очекува дуел против Германија на 30 јуни во Порто Алегре.Алжир за прв пат во историјата се изборија за пласман во осминафинале, а за репрезентацијата ова е четврто учество на Мундијалот.
Во првото

Пронајдете не на следниве мрежи: