Аматеризам, неподготвеност и нестручност на СЈО

Катица Јанева и нејзиниот тим вчера повторно се обидоа да направат медиумски циркус, овој пат во Министерството за внатрешни работи. Доаѓајќи без наредба Јанева започна да прави политички спектакл преку медиумите на СДСМ/Сорос само за таа и нејзините луѓе да се претстават како жртви и да најдат оправдание за неработењето.Јанева уште вчера претпладне во 11 часот дошла во МВР, каде според информациите цели 5 часа пиела кафе со генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, без да има обезбедено никаква наредба од суд. Во соработка со Спасовски, Јанева сакала без комплетирана документација да влезе во УБК и да ги добие материјалите од судските наредби за следење на комуникациите.
Откако доцна попладнето обезбедиле наредба од Суд, крајно аматерски и незаконски формирале комисија со лица кои немаат овластувања, а кои требале да вршат полициски дејствија. Наместо полициски службеници овластени да постапуваат во нареди, во комисијата Јанева и Спасовски поставиле нестручни партиски послушници кои воопшто немале никакви овластувања.
Откако дел од искусните полициски службеници на недоволно упатената Катица Јанева и објасниле дека нестручното навлегување во системот може да има сериозни реперкусии, таа немала друг избор па морала да ги послуша советите и да повика лице кое добавувачот на опремата го има овластено и кое може да гарантира дека таа нема да биде оштетена.
Помош и совети им биле дадени, па повикале локален претставник на Ериксон со оглед на фактот што кога го почнале театарот воопшто не знаеле дека опремата која им била предмет на интерес не е сопственост на МВР туку на операторот. Откако дошол и локалниот претставник на „Ериксон“ , им укажал дека не смее да постапува се додека и тој не добие овластување од централата во Стокхолм.
-Навистина сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци.  Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија. СЈО самите сфатија дека дошле неподготвени во текот на денешниот ден и од тие причини самите поднесоа барање некаде околу 20 часот до операторот, односно до „Ериксон“, за да дадат „Ериксон“ овластување на нивниот претставник во Македонија да оствари пристап до системот кој пак ќе повторам, не е во сопственост на УБК, значи не е сопственост на МВР, е во сопственост и администрирање на операторот. Така да УБК или МВР немаат никаква улога во тој дел. Доколку тие обезбедат експерт, стручно лице кое што ќе може да ги зивлече сите тие податоци и пак ќе повторам не „имиџи“, зошто Катица Јанева употребува термини кои што не и се познати, туку експорт на сите тие податоци кои што ги бараат, едноставно можноста ја имаат ако сега успеат да ги извадат, сега да ги извадат, но видоа дека не се подготвени и не е тоа едноставно да се реализира, заклучи Чавков.
Токму ова се причините поради кои Катица Јанева правеше театар и повторно покажа колку е нестручна и таа и нејзиниот тим. Дури доцна во ноќта стигнало овластувањето и Катица Јанева ги обезбедила сите документи со што се докажа дека целодневниот циркуз имал само политички мотиви.
Безбедносно најризичниот момент се случил околу полноќ кога Јанева со пцуење, навреди и викање ќе уништела актуелни истраги против убијци , терористи и дилери. Имено, нејзината наредба била да се обезбеди увид во постапувањето по судските наредби за следење во периодот ‎2008-2015 година. Откако лицето од Ериксон кажало дека не може тоа да го издвои од активните мерки, за кои Катица Јанева нема ингеренции, односно незаконски може да ги загрози истрагите, таа излегла од кожа и почнала да се дере и да бара се да се стопира викајќи дека не ја интересира безбедноста на државата.
-Денес се случи преседан со кој се доведе во прашање националната безбедност поради нестручноста и неподготвеноста на Специјалното јавно обвинителство. За да ја оправда својата нестручност Катица Јанева се обиде да манипулира дека некој не сака да соработува и за да создаде тензија ја ангажираше единицата Алфа, а генералниот сектерар на СДСМ само и помогна во ова. Загрозена беше национална безбедност бидејќи Јанева ги бараше сите податоци од период 2008 до 31.12.2015 година. Имајќи во предвид дека се уште некои посебни истражни мерки траат не можеше да се обезбеди соодветно издвојување на податоците со кои може да се запознае обвинителството. Истите податоци Јанева инсистираше да ги добие што на тежок начин можеше да доведе до загрозување на животот на оперативните работници кои се уште работат на терен, објасни заменик министерот во МВР, Оливер Андонов.Јанева уште вчера претпладне во 11 часот дошла во МВР, каде според информациите цели 5 часа пиела кафе со генералниот секретар на СДСМ Оливер

Пронајдете не на следниве мрежи: