недела, 29 ноември 2026
Најново

Америка стравува од руската компанија „Касперски“, а еве и зошто

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на државните институции да ги отстранат софтверските производи на „Лабораторија Касперски” од своите компјутерски системи, бидејќи се стравува дека оваа фирма со седиште во Москва би можела да е под влијание на Кремљ.Министерството за внатрешна безбедност издаде директива кон другите оддели да направат попис на сите производи на „Касперски” во своите компјутерски системи во рок од 30 дена, да изработат планови за да ги отстранат во период до 60 дена и да престанат во целост да ги користат за 90 дена.
– Министерството е загрижено поради врските меѓу некои вработени во „Касперски“ и руското разузнавање и други владини агенции, како и можноста која ја дозволува руското законодавство да замолат или да побараат соработка од „Касперски“ и да ги прекинат комуникациите кои транзитно минуваат низ руски мрежи, се наведува во соопштението на американското Министерство за внатрешна безбедност.
Фирмата „Лабораторија Касперски“ повеќепати негираше дека е поврзана со која и да е влада, тврдејќи дека нема намера да помога на која и да е администрација да врши кибер шпионажа. Министерството за внатрешна безбедност издаде директива кон другите оддели да направат попис на сите производи на „Касперски” во своите компј

Поврзани вести