Американска донација за АРМ вредна 6 милиони долари

Армијата на Република Македонија денеска прими воена опрема вредна 6 милиони долари од Соединетите Американски Држави, која се состои од возила, оружје, радио предаватели, и друга тешка опрема.На свечениот чин на примопредавањето во Техничко-ремонтниот центар на АРМ во населбата Ѓорче Петров, министерот за одбрана Талат Џафери се заблагодари за поддршката во опремување на МО и АРМ што САД и ја дава на Македонија континуирано од 1996 година.
– Опремата што е пред нас е само дел од севкупната донација, односно средствата кои се пристигнати во 2013 година, а чија вредност изнесува 6 милиони долари, рече Џафери.

Истакна дека целокупната помош од САД за АРМ одамна ја надминува сумата од 100 милиони долари. Ова, рече тој, е доказ за искраната поддршка на САД кон Македонија но и за конзистентноста на политиката на партнерството и меѓусебната доверба помеѓу двете држави.
Џафери ја истакна цврстата определба на Министерството за одбрана, за изградба на армија со која Македонија ќе застане, како што кажа, рамо до рамо со сојузниците а со своите капацитети ќе придонесува како и досега за безбедноста и стабилноста, како на регионално така и на глобално ниво.

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс истакна дека тие со задоволство помагаат во трансформација на силите на АРМ, како и на заложбите кои ги прави Министерството за одбрана во таа насока.
– Опремата не се однесува само на обезбедување на возила, оружје, радија и или друга тешка опрема. Таа се однесува на зголемување на интероперативноста преку заеднички платформи, истакна Волерс.
Тој се заблагодари на поддршката што Македонија и ја дава на САД во, како што кажа, одбраната на слободата и постигнувањето на еден посигурен и побезбеден свет и посочи дека САД ќе остане посветена во континуираната помош кон АРМ.
На церемонијата присуствуваа началникот на ГШ на АРМ потполковник Горанчо Котески, военото аташе на САД Џефри Предмор, како и шефот на Канцеларијата за билатерална соработка на САД.
Извор: КурирНа свечениот чин на примопредавањето во Техничко-ремонтниот центар на АРМ во населбата Ѓорче Петров, министерот за одбрана Талат Џафери се заблагод

Пронајдете не на следниве мрежи: