АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ОТКРИВА: Еве зошто Југославија мораше да биде уништена!

Американскиот политиколог Фил Батлер, напиша колумна во која тврди дека разорувањето и распадот на Југославија биле дел од поширокиот план на НАТО сојузот. Намерата била да се ослабнат геополитичките противници на западниот блок во региите на Третиот свет и уништување на здравите економии на народите од овие простори.Интегралниот текст од неговата анализа ја пренесе и италијански „Глобалист“.
„Можете ли денес да ја замислите Европа со Југославија како клучен играч меѓу народите? Јас можам. Всушност, Југославија беше еден од најголемите културни и општетсвени експерименти во историјата. Како основа на подрачјето за конфликт помеѓу некогашна Австро-Унгарија и Османското Царство, Југославија ги обединуваше двете култури на начин кој не е виден од времето на Александар Македонски, кој по големите освојувања ги асимилираше народите. Експериментот, ако може така да се нарече, траеше нешто повеќе од пола век. Во една држава живееја сите јужнословенски народи. Создавањето на Југославија делумно беше и геостратешки потег на Британија и Франција за да успори или блокира Германија“ – пишува Батлер.
Тој вели дека по Втората светска војна, социјалистичка Југославија станала еден вид на европска приказна за успех.
„Помеѓу 1960 и 1980 година, земјата имаше една од најважните стапки на економски раст во светот, пристоен животен стандард, бесплатно здравство и образование, гарантирано право на работа, едномесечен платен годишен одмор, стапка на писменост од преку 90 отсто, а очекуван животен век од 72 години. Колку што знам, ниту една од државите на Балканот денеска не може да сонува ниту половина од овој просперитет. Тоа беше напредок кој меѓу западните сили разбуди желба за уништување на Југославија. Мултиетничкото население во земјата имаше поволен јавен превоз, покрив над глава и комуналии. Непрофитната економија главно беше во државна сопственост, што не е баш најдобар пример за западната демократска љубов. Во тоа време, далеку од ресурси се наоѓаа Германија, Франција или Велика Британија, а банкарите на Лондон и Луксембург не можеа да извлекуваат милијарди од социјалистичкиот систем“ – вели Батлер.
Тој тврди дека Југославија морала да умре, а Реган, Буш постариот и помладиот и Клинтон помогнале да се случи тоа.

„Наградуваниот автор, политиколог и соработник во Институтот за политички студии во Вашингтон, Мајкл Паренти, често говореше за катастрофата во Југославија. Според Паренти, целта на Америка била да се претворат југословенските народи во регија од Третиот свет, а тоа можело да се оствари со поделба на земјата која подоцна ќе ги отвори своите економии кон корпоративната елита и западните банкари.“
По распадот на Југославија, новонастанатите земји требаше да бидат:
1. Неспособни да го следат независниот курс на личниот развој.
2. Со уништени економии и природни ресурси кои во целост се достапни за мултинационални корпорациски експлоатации, вклучувајќи ги и огромните минерални богатства на Косово.
3. Осиромашено, но писмено и оспособено население кое ќе биде присилено да работи за минимални примања и ќе претставува евтин работен базен со кој полесно ќе се снижуваат платите во Западна Европа и на друго место.
4. Демонтирани индустрии за автомобили, нафта, тешки машини, рударство и петрохемија, како и разни други индустрии кои не смее да претставуваат конкуренција за постоечките западни производители.
Дали оваа стратегија ви звучи познато? Сетете се на планот на Корпорацијата Ранд за Сирија. Дали Украина, Донбас и Крим се дел од вакви стратегии за уништување?
Батлер вели дека иако звучи заканувачки, тоа е светот во кој живееме денес.Интегралниот текст од неговата анализа ја пренесе и италијански „Глобалист“.
„Можете ли денес да ја замислите Европа со Ј

Пронајдете не на следниве мрежи: