Американски и германски компании заинтересирани за инвестирање

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, денеска ја завршија четири дневната посета на Германија, како дел од редовните road-show активности.За време на посетата беше направен follow-up со поголем број на компании со кои Дирекцијата за ТИРЗ е во постојан контакт и напредни преговори за инвестирање веќе подолго време, а дел произлегоа како резултат на Владиното road-show во Германија организирано во соработка со Financial Times.
Беа посетени германски и американски компании чие европско седиште е во Германија од автомобилската, машинската, електро индустријата и банкарскиот сектор во околината на Дизелдорф, Штутгарт и Франкфурт.
Неколку компании потврдија посети на Македонија во текот на месец април со цел да се финализираат нивните потенцијални проекти од аспект на соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите.
На дел од состаноците тимот беше придружуван од економските промотори во Германија Афродита Кермичиева Пановска и Бојан Милиновиќ.
Извор: kurir.mkЗа време на посетата беше направен follow-up со поголем број на компании со кои Дирекцијата за ТИРЗ е во постојан контакт и напредни преговори за&n

Пронајдете не на следниве мрежи: