Американскиот Стејт департмент ја зголеми црната листа

Вчера донесено е одлука да се стават нови 12 команданти на терористички групи на црната листа. Меѓу нив се најдоа и Лаврдим Мухаџери, косовскиот исламист кој стана озлогласен низ Балканот и босанскиот исламист Нусрет Имамовиќ.
„Лавдрим Мухаџери е косовски Албанец, странски борец во ИСИЛ. Мухаџери стана познат во меѓународната јавност откако во јули 2014 година на фејсбук објави фотографии од себе, како убива младо момче сечејќи му ја главата. Нусрет Имамовиќ е босански терористички водач кој дејстува во Сирија. По пристигнувањето во Сирија, Имамовиќ активно поддржува насилен екстремизам и се верува дека се бори во редовите на фронтот Ал Нусра“, соопштиле од Стејт департментот.
За Мухаџери имаше информации во косовските медиуми дека бил ранет, па дури и убиен во борба со курдски герилци во северна Сирија и не е потврдено со сигурност дали се уште е жив.Меѓу нив се најдоа и Лаврдим Мухаџери, косовскиот исламист кој стана озлогласен низ Балканот и босанскиот исламист Нусрет Имамовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: