Американските муслимани изразија загриженост бидејќи Бајрам се паѓа на 11 септември

Американските муслимани изразија загриженост дека празникот Курбан бајрам годинава најверојатно би требало да биде на 11 септември, на 15-годишнината од нападот на Ал Каеда врз Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон.Додека милиони муслимани во светот ќе се подготвуваат да го одбележат овој празник, американските муслимански водачи предупредија дека луѓето може погрешно да го протолкуваат одбележувањето на Бајрам како прослава на нападот во кој загинаа речиси 3000 луѓе.
Хабиб Ахмед, претседателот на Исламскиот центар на Лонг Ајленд, за Њујорк тајмс изјави дека некој „лесно може погрешно да разбере” и дека луѓето би можеле да кажат „погледнете ги муслиманите, тие го слават 11 септември”.
Од нападот во Париз минатиот ноември и пукотниците во Сан Бернардино во декември групите за човекови права велат дека нападите и заканите против муслиманите пораснале.
Во Њујорк, каде имамот и неговиот помошник неодамна беа убиени во Квинс, идејата дека празникот Бајрам се паѓа на 11 септември ја зголеми загриженоста за безбедноста.
Роберт Меккау, претставникот на владата во Советот за американско-исламски односи, вели дека во овој момент тоа му е на ум на секој муслимански водач во САД.
-Тагувавме како и сите други. Се сеќаваме на тој ден, не затоа што сме муслимани туку затоа што сме Американци, вели Меккау.Додека милиони муслимани во светот ќе се подготвуваат да го одбележат овој празник, американските муслимански водачи предупредија дека луѓето

Пронајдете не на следниве мрежи: