Ана Марија Жујовиќ на сослушувањето во полицијата не доставила доволно докази дека се наоѓала во блажена состојба, така што се претпоставува дека измислила дека е бремена, пренесоа медиумите.„Кога медиумите објавија дека поради агресивниот испад на нејзиниот свршеник го изгубила бебето, Третото основно обвинителство побара од Ана Марија да ѝ достави на полицијата докази дека била бремена. Меѓутоа, во нејзините приложени документи не само што нема докази дека го изгубила бебето, туку нема ништо дека воопшто и била бремена“, пренесуваат извори од истрагата.
„Новите докази ќе бидат приложени во обвинителството кое ќе одлучи во која насока ќе се одвива истрагата. Но, сигурно е дека и двајцата повторно ќе бидат викнати на сослушување“, додал изворот за српски Курир.
По тој повод се огласи и Ана Марија:
„Ништо не излажав и ги приложив доказите. Однесов сѐ што ми побараа од полицијата. Не смеам да откривам каков исказ дадов, бидејќи така ми нареди адвокатот. Не смеам ништо повеќе да откривам“.
Планирале да имаат бебе
„Да, двајцата работевме на тоа да направиме бебе, но не знаев дали сум бремена сѐ додека не добив циклус. Или одливот се случи поради стрес. Дури тогаш сфатив дека дојде до спонтан абортус, а можеби и до абортус. Вештаците ќе го утврдат тоа“, заклучила Жујовиќ.„Кога медиумите објавија дека поради агресивниот испад на нејзиниот свршеник го изгубила бебето, Третото основно обвинителство побара од Ана



