Ана Михајловски: Немам анорексија, но ако толку се грижите испратете ми храна!

Ана Михајловски порача дека се е во најдобар ред, дека многу јаде и дека е нормално, жената со текот на годините да се промени.Со појавувањето на Ана Михајловски како нов водител на Х Фактор се појавија и шпекулации дека водителката има анорексија, па луѓето се загрижија за нејзиното здравје. 
Своја изјава за Телеграф.рс, даде и самата водителка, која порача дека се е во најдобар ред, и дека многу јаде и дека е нормално, жената со текот на годините да се промени.
-Им благодарам на сите кои се грижат, но јас сеуште не сум нити блиску до анорексија. Доколку нешто не е во ред, не би се појавувала пред милионски аудиторијум кој го има „Х-Фактор“. Мислан дека тоа не е познато, но жената со годините се манува. Некои слабеат, некои се дебелеат, некои се поубави некои се погрди…Дали треба ваквите прашања да ги сватам како обид да се направи сензација, таму каде ги нема- прашува водителката.

– Ако ме прашате дали бев под стрес – да. Водев емисија во живо што ја следеа четири милиони луѓе низ целата земја, а имав само неколку часа да се подготвам. Многу поважна од мојот физички изглед е поддршката што ја добивам на социјалните мрежи за мојот ангажман – објаснува Ана, а потоа го искоментира и нејзиниот нов имиџ.
– Забележавте дека драстично ја скратив косата и прилично ја осветлив. Носев високи потпетици и кратко фустанче со нагласени раменици во што секоја жена би изгледала позгодна отколку што всушност е. Ако на некој му пречат моите килограми апелирам секој вторник пред емисиите во живо да ми испраќаат храна, зошто обожавам да јадам и многу јадам, низ смеа вели Ана.Со појавувањето на Ана Михајловски како нов водител на Х Фактор се појавија и шпекулации дека

Пронајдете не на следниве мрежи: