Аналитичарите предупредуваат: Црната кампања ќе го чини СДСМ уште еден пораз

ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред опозициската СДСМ, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот „Павел Шатев“.Вкупно 40,4 отсто сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила на претстојните парламентарни избори, додека за СДСМ се 15,6 отсто
Според политичките аналитичари, ваквите резултати од анкетата се очекувани и истите се должат на однесувањето на партиите и довербата која граѓаните ја имаат во нив.
-Негативната кампања која што ја води СДСМ уште од 2008 година па навака, може да нанесе одредена штета на партијата кон која што е насочена, а и не мора, но во никој случај не може да привлече нови гласачи за самата партија. Тоа се покажа и на изборите, тоа се покажува и во истражувањата на јавното мислење, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.
Божиновски смета дека оваа разлика се одолжи на тоа што владејачката партија во изминатиот период се концентрираше на реализација на проекти, а опозицијата во континуитет водеше црна кампања кои не ги даде посакуваните резултати.
-Доколку сакаат да ја зголема својата база на гласачи, односно да ги зголемат симпатизерите кои би излегле и би гласале за нив, треба да дадат една понуда, односно да излезат со една позитивна кампања која што би можела да привлече дополнителни гласачи. Се разбира, таа кампања треба да е издржана, не може само да ветувате, без притоа да го образложите тоа, рече Божиновски во изјава за Канал 5.
Тој вели и дека искуството на граѓаните од минатото со ветувањата на СДСМ е причина поради има огромна разлика меѓу партии во поглед на довербата.
-Тука видовме дека разликата е огромна, а тоа се должи на оној минат труд, односно која од партиите што ветила и што исполнила и токму заради тоа сметам дека СДСМ ќе продолжи со негативната кампања. Барем за сега ние не видовме некаква платформа со која би им понудиле нешто на избирачите, додава Божиновски.
Според Александар Даштевски, СДСМ повторно ќе доживее пораз на изборите поради негативните политики кои ги води самата партија.
-ВМРО-ДПМНЕ одамна се откажа од дневните политики, од тоа да зборуваат лошо и со негативна енергија, но тоа не е случај со опозицијата која постојано прави одредени провокации, кажа политичкиот аналитичар Даштевски при своето гостување во вестите на ТВ Нова.
-Тие не кажуваат што ќе направат, а граѓаните го ценат и го гледаат тоа, па затоа и не сакаат да ги поддржат. Македонија треба да оди напред, не треба да се занимаваме веќе со негативни политики кои се веќе минато во нашата земја. Зарем треба да се вратиме на нешто што е негативно, наместо да одиме напред кон подобрување на целокупната економска ситуација, смета Даштевски.
Според Даштевски, во моментов најважно е да се одржат претстојните избори закажани за 11 декември:
– Најважно е сега да се одржат изборите, да не се одложат повторно бидејќи ако вие сте продуцирале некоја криза за да дојдете до одредени резултати, тоа не може вечно да трае. Гледаме дека овие резултати се резултатите што ги имаше владејачката партија и пред изборите во 2014 година, истакна Даштевски.
Даштевски при гостување во вестите на ТВ Нова додава дека негативните кампањи на СДСМ се причина за слабиот рејтинг на последната анкета на „Павел Шатев“:
– Доколку продолжат со тие политики, на пример за учење на албанскиот јазик на целата територија и федерализација, тоа ги навредува македонските и албанските граѓани. Мислам дека тие негативни политики доведуваат до овие рејтинзи, а ќе доведат и до пораз на изборите доколку се продолжи со таква политика, додаде Даштевски во вестите на Нова.
Резултатите од анкетата на Институтот „Павел Шатев“ според кои ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред опозициската СДСМ се веродостојни и за аналитичарите кои во јавноста важат за блиски до опозицијата.
Според аналитичарот Петар Арсовски, кој инаку во јавноста важи за близок до СДСМ, сите анкети направени и по објавувањето на прислушуваните материјали покажуваат дека овие активности на опозицијата не придонесоа за промена во рејтинзите.
-Овие бројки се статични на македонската политичка сцена веќе подолг период. Повеќе анкети имаше од моментот на објавување на снимените материјали до сега, а рејтингот на партиите се менуваше многу малку. Ќе видиме што ќе се случува до изборите, бидејќи ние сега од СЈО добивме две обвиненија, така да јас очекувам тоа да се засили во наредниот период и тоа да влијае на бројките. Секако, не очекувам драматични промени на 11-ти декември и мисалм дека периодот на расчистување на македонската политичка сцена допрва доаѓа, по 11-ти декември, вели Арсовски за Канал 5.
Арсовски смета дека активностите на терен на раководството на ВМРО-ДПМНЕ има голема влијание врз перцепцијата на граѓаните за тоа кој ги остварува ветените проекти.
-Секако дека владејачката партија со овие прес-конференции кои што ги прави на терен и со активната нарачка на проекти кои треба да се спроведат на терен, дека придонесува за својот рејтинг, вели Арсовски.Вкупно 40,4 отсто сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила на претстојните парламентарни избори, додека за СДСМ се 15,6 отсто
Според политичките

Пронајдете не на следниве мрежи: