Анализа на „Балкан Аналитик Груп“: Во Струмица за 10 години биле злоупотребени и испрани 100 милиони евра од општината

Истражувањето кое го спроведе балканската истражувачка мрежа „Балкан Аналитик Груп“ на повеќе општини од земјите на Западен Балкан открива фрапантни податоци за работењето на општината Струмица која е под раководство на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пишува порталот Журнал.нет. Таа е една од многуте општини која е анализирана и она што може да се добие како податок се навистина огромните злоупотреби кои се правени во рамките на финансиското работење. Проценките се дека во последните 10 години злоупотребени се над 100 милиони евра или во просек 10 милиони евра годишно.
-Главен извор на злоупотреби се во делот на финансиското работење, јавните финансии, како и трошењата на општината при набавка на јавните добра. Согласно експертската анализа, најголем дел од средствата се злоупотребувани преку јавните претпријатија. Општината е со стабилни приливи на пари, но со милионски денари долгови на јавните претпријатија, стои во анализата на „Балкан Аналитик Груп“, пренесува Журнал.
Агенцијата која се занимава со финансиското работење и која направила комплентен скенинг на трошењето на општината, нотира дека општина Струмица е едно од ретките места во Европа каде јавните финансии од општинската каса редовно се слеваат на сметките на помал број на фирми кои важат за блиски на градоначалникот, правејќи затворен круг на вртење на парите на граѓаните, односно од општинската каса на сметките на фирмите кои се блиски на градоначалникот.
Во анализата стои и заклучокот дека сензационално е што градоначалникот кој ја води општината е фатен на видео снимка како бара поткуп, како и фактот што уште нема правна разрешница на ова. Струмица се посочува како за пример за една од најкорумпираните општини во Источна Европа.
-Транспарентноста е оценета со најлоши оценки индекс 7 од вкупно 8 поени. Загрижувачки е што се заклучува дека корумпираноста е стимулирана од раководните кадри на општината и таа се шири надоле, што е идникатор дека корумпираноста е во секоја пора на работењето. „Балкан Аналитик Груп“ својот извештај ќе го презентира детално и во Македонија во наредниот период. Инаку, ваквиот извештај кореспондира со бројните скандали кои се врзуваат со работењето на Зоран Заев, како и сомнителните тендери кои се доделуваа на фирми од кланот Заеви. Извештајот е една од меѓународните потврди за незаконитото работење на Заев. Бројката од проневерени и испрани над 100 милиони евра за претходните 10 години целосно кореспондираат со управувањето на општината од страна на Заев, кој во последните 12 години е прв човек на Струмица, пишува Журнал.Таа е една од многуте општини која е анализирана и она што може да се добие како податок се навистина огромните злоупотреби кои се правени во рамки

Пронајдете не на следниве мрежи: