Анализа: Пуч во СДСМ за спас од последиците по 11 декември

Поведени од, само за нив, „успешната“ транзиција од 90-тите години на минатиот век, која создаде грст моќници со „минимална“ колатерална штета од стотици илјади граѓани без работа, СДСМ, очигледно, се враќа кон корените. Но, овој пат, чираците Заев и Шеќеринска рецептот не го употребија на мајсторот Црвенковски за урнисување на државата и на нејзиниот имот. Јок. Не се на власт, па за нивна жал, таа можност им е скратена. Тука и Катица не може да им помогне. Па удрија по партијата. И си ја приватизираа. Во косопствеништво со Сорос, се разбира… анализира неделникот Република.Фатени во тесно и со скратени ресурси и овластувања, раководството го искористи наученото, па, преку испробаната формула, во двегодишна трнзиција си ја приватизираше партијата. Фактот ги растревожи старите „комуњари“, но нивната реакција е задоцнета и предизвикана од лични побуди. Побудата се вика пратеничко место, кое не го добија, а чијшто недостиг ги свести дека лидерот подготвувал пуч и во партијата?! Еурека! Па зар, по се што се случи досега, дотичните се посомневаа во неговите пучистички квалитети? Нивниот бестрашен лидер требаше одамна да ги увери своите „неверни Томи“ дека ролјата одлично му прилега. Добро, за волја на вистината, првиот пат акцијата и не му беше баш успешна и за пофалба, но ако човекот учи додека е жив, зошто да не го прави тоа и Заев? Сетете се само на „прогресот“ во интервјуата…
ПРЕМОЛЧЕНОТО ОДОБРУВАЊЕ НА СТАРИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО СОЗДАДЕ ПАРТИСКИОТ ФРАНКЕНШТАЈН
Од друга страна – за разлика од првиот пат, противникот за спроведување пуч му е полесен и попознат, а за знаењето на слабостите, мрзливоста и за немањето политички рефлекси и идеи на ослабените елитистички припадници на сопствената партија со сина крв и да не зборуваме. Сепак, процесот не е од вчера, ниту беше невидлив за членството и за извиканите социјалдемократи. Арно ама, на Заев и на Рада се им беше простено и дозволено само да ја исполнат основната премиса на своето постоење – да го урнат Груевски. Уште поарно, ама партијата и тогашните „извикани“ слободно можат да го преземат името на антихеројот на Британката Мери Шели. Социјалдемократите, исто како и д-р Франкенштајн, сами го создадоа своето чудвоиште, кое сега им ги уништува животот, идеалите и партијата. Ах, да и пратеничката кариера. Другата, очигледна сличност е што поранешното раководство на СДСМ и д-р Франкенштајн споделуваа иста цел. И нашите инвентивни познајници од „Павел Шатев“ и научникот сакаа преку создавањето чудовиште да и дадат живот на мртва материја. Во првиот случај на мртва партија, во вториот на мртво човечко ткиво. Во првиот случај им требаа „бомби“, за да оживее, во вториот „струја“. И ликот на Шели и антијунаците, возљубени во БЦ, употребија различно ткиво. Д-р Франкенштајн своето чудовиште го склопи од повеќе мртви тела, а кај тогашната СДСМ во крпеницата се вмешаа ткива од Сорос, разни чадори, „невладини“ организации и дузина издишани квазиинтелектуалци. Едноставно, сите што немаа попаетна работа, а истовремено мораа да им прикажат на финансиерите или одговорните дека, демек, работат нешто. Не случајно, првото излезе невешто чудовиште од 2,5 метри, а второто неразбирлива, елитистичка и аналитичка творба. Како што бива во народните преданија, кои тие не ги читаат затоа што тоа е литература за „стока“, од многуте мајки испаднаа килаво дете, или килава партија.
Идентично како и во делото на Мери Шели, и нашето поранешно сино, а сега шарено чудовиште се сврти кон творецот. Создаден да го уништи ВМРО-ДПМНЕ, социајлдемократскиот Франкенштајн ја дотепа сопствената партија. Настрана рејтингот. Веќе одамна Заев и Шеќеринска целосно го сменија начинот на дејствување и имиџот на СДСМ. Од, демек, европски и демократски настроена, макар елитистичка „направија“, сега имаме јуришничка популистичка проалбанска партија облагородена со ред криминогени елементи и членови. Чудно, но елитизмот е единствен пиреј во партијата што ги преживеа промените…
ЗАЕВ РЕЦЕПТ: КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД НЕПОСЛУШНИТЕ ПАРИСКИ ЧЕДА?
Последен проблем што ја нарушуваше удобноста и комодитетот на врхушката беа старите, познати и признати социјалдемократи. Да, тие што го вложија животот во партијата и макотрпно работеа на претходниот имиџ, макар бил и лажен. Труд, кој за ова раководство се покажа како грев. За потсетување, смената во СДСМ не е од вчера. Стартот на перестројката и спроведувањето на планот за создавање јадро од послушници беше означен со доаѓањето на Заев и на Шекеринска и со листите за пратеници на изборите во 2014 година. Резултатот на настапот со „обновената“ партија го знаеме сите, а поттурнувањето на тие што ја држеа структурата беше поради двојката што не трпи противречење и противаргументи. Тогаш, „изгореа“ Макрадули, Бендевска, Петров, Ивановски, Георгиев, Павловска – Данева, Станковиќ, Тушева, Савова, Томиќ и др. Нивните места радосно ги заземаа тогаш новите Шилегов, Богоев, Дескоска. Сега, пак, нелогично осилена од двегодишните глупирања, чудната врхушка реши да си спроведе целосна перестројка, атавизам од комунистичките предци. И ако на претходниците за перестројката им требале петолетки, Заев и заменичката ја стокмија рокадата за само две години. Без пардон, сменија сѐ живо во партијата, целосно ги „нападија“ старите социјалдемократи и си донесоа свои, прове- рени чеда. „Чеда на Македонија“, како што ги нарече Заев. Сега, изгореа и „преживеаните“ од претпоследниот состав како Николов и Орцев. Исклучок и уникат остана Оливер Спасовски. Не преживеа ниту „шоферката“ Димова, ниту борбениот парламентарец Сугарески. Немаше среќа ни извиканата Куновска.
Чуму не ги задоволија бараните квалитети од Заев? Едноставно, очигледно, во нив имало премалку омраза и уште помалку послушност. Избраниците, пак, како калапени – мразат ли мразат, сите послушни и водени од парадоксалната премиса „кој повеќе мрази, поуспешно му се радува на животот во партијата“.
Шегата пред социјалните кооперации (затоа што мрежите се покажаа како антисоцијални) е дека СДСМ има среќа што Џин Роденбери, авторот на „Ѕвездени патеки“, е починат во 1991 година (истата кога без победа првпат дојдоа на власт?!), зашто, во спротивно, би ги тужел за целосно преземање и копирање на неговите Борги. Суштества што водени од сопствената идеја за некаква си нивна перфекција асимилираат сѐ што мисли поинаку. И живеат во „колектив“.
Или беше Пленум…
ОТСТАПНИЦА ЗА СПАС ОД ПОСЛЕДИЦИТЕ ПО 11 ДЕКЕМВРИ
Не случајно, но, едноставно, и без трошка гризење на совеста, минатите две години раководството тераше тивка транзиција и си ја донесе сината ООЗТ на работ. Но СДСМ веќе не е партија во „слободен пад“, никако. Во моментов, СДСМ е во заден план, а најважни се личните судбини на неколкумина. Со целото раководство што сега ѝ скока на глава „засилено“ со своите шарени домашни миленичиња, Соросови чеда, квазиинтелектуалци и зелени далтонисти, партијата одамна е ничкосана и заглавена во калта создадена од истите неколкумина безобразни политиканти. Тие имаат просто и едноставно решение за сѐ – тие што не можеа да ги вработат во СЈО и во Сорос, ги ставија на листите. Саде „граѓанското општество“ и независни интелектуалци. Така барем тврдат авторите на најновата опозициска бурлеска. Шилегов и Заев се мачат и земаат забрзани курсеви по албански јазик, но истовремено со Шеќеринска многу му се радуваат на новиот состав – откровение. Ова за нив е одличен состав за пораз на избори, подобар здравје.
На денот кога во неговата блиска општина Василево, поточно во село Градошорци, жителите го прославуваа „Денот на празот“, соседниот струмички градоначалник и другиот дел од елитистичката врхушка го славеа „Денот на поразот“. Да, раководството на истиот ден 6.11.2016 година си направи одлична отстапница за претстојниот пораз на изборите. Создаде листи на послушници, предводени од уште поголеми почитувачи на нивниот лик и дело, луѓе што по 11 декември ќе си ја заслужат довербата и пратеничката плата.
Знаете, по поразот на изборите, кој доаѓа за помалку од еден месец, некој ќе треба да понесе одговорност за него. За жал, притисокот на странците и толку милуваната „меѓународна“ заедница сега е јасен. Овој пат нема непризнавање на изборите. И „шу праиме“ сега? Врхушката нема да може да се вади на небулозните фалсикувани избори како минатиот пат, а тоа значи (омилениот збор на Катица, но во поинаква, соодветна конотација) дека ќе мора да „паѓаат глави“. Што мислите, кој ќе мора да ја понесе одговорноста за новиот дебакл? Веројатно врхушката на партијата. А таа, сосема случајно, нели, си даде добитни пратенички места. Имунитетот е „приде“. Си обезбедија пратенички плати за следните пет години (четири и една апанажа) и нов пратенички состав, кој ќе јаде „живи луѓе“ за одбрана на истото тоа раководство, кое ги направи луѓе. Гастрономско-политичките познавачи велат дека старите социјалдемократи котирале високо на нивното мени…
НЕКОМУ ПЛАТА, НЕКОМУ СЛОБОДА
Овој пат, за дел од челниците, не е во прашање само политичката кариера. Ниту бизнисот, колку тендерите и кириите да биле слатки за некого. Не. Овој пат  за дел од челниците, не е во прашање само политичката кариера. Ниту бизнисот, колку тендерите и кириите да биле слатки за некого. Не. Овој пат во залог е нешто многу посериозно. Овие две-три години, СДСМ постојано се „бори“ за измислена слобода. Апстрактна именка, затоа што не може да посочи реален проблем, ниту да реши. Затоа, ја враќа слободата. За некого, пак, таа слобода и не е толку апстрактна именка. Поточно, лидерот на СДСМ и натаму се соочува со две тешки обвиненија за „Пуч“ и за „Поткуп“. За разлика од политичкиот циркус на Катица Јанева насочен кон политичките опоненти, каде што сѐ се темели на евентуални разговори извадени од контекст и на пуста желба за медиумска сензација без трошка докази, во првиот случај на лидерот на СДСМ имаме конкретно признание на еден од обвинетите, а во вториот и видеодокази. Се бори ли некој во СДСМ, конечно, навистина, за слобода? А за еден месец следува изборен пораз, кој не ќе смеете да не го признаете… Беља. Да, оваа нова, послушна пратеничка листа е повеќе од неопходна. Велат дека составот бил „освежување“. Дефинитивно. Одличен освежувач за надежите на врхушката за политичка и слободна егзистенција…
Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 219. број на неделникот „Република“, 11.11.2016)Фатени во тесно и со скратени ресурси и овластувања, раководството го искористи наученото, па, преку испробаната формула, во двегодишна трнзиција с

Пронајдете не на следниве мрежи: