Анџелина конечно најде свадбен подарок за својот сопруг: Бред Пит не очекуваше толку ОРИГИНАЛЕН подарок

Анџелина Џоли, се чини ја заврши потрагата по совршен свадбен подарок за својот сопруг Бред Пит…И подарокот не е ниту една од работите кои би ви паднале на памет. Впрочем станува збор за машината за пишување на култниот писател и авантурист со чуден карактер, Ернест Хемингвеј, пренесува TMZ.
Машината за пишување која Анџелина Џоли ја купува за Бред Пит не е “било каква машина”, туку токму последната која славниот писател ја употребувал. Тој пишувал на неа во доцните 30-ти години и токму на неа го напишал и еден од неговите најдобри романи “За кого бијат камбаните”, кој бил објавен во 1940-та.Машината за пишување на Хемингвеј, Анџелина ќе ја чини 250.000 долари.
“Нејзиниот агент стапил во контакт со колекционерот Стивен Собороф кој ги собира машините за пишување на славните личности низ историјатам а помеѓу останатите тој е сопственикот и на оваа машина на Хемингвеј, 1926 Underwood”, изјавил неименуван извор за TMZ.

Соброрф во својата колекција ги има и машините за пишување на Џон Ленон, Мерилин Монро, Џо ДиМаџио и многѕу други кои им припаѓале на славните личности и на кои се напишани некои од најголемите дела на светската книжевност.
Анџелина првично сакала да ја купи машината за пишување на Тенеси Вилијамс, меѓутоа таа не била на продажба. Тогаш агентот на Анџелина му понудил на колекционерот да продаде една од свете машини на Хемингвеј, а за неа понудил една четвртина милион долари.Тоа се чини била “понуда која не се одбива.”И подарокот не е ниту една од работите кои би ви паднале на памет. Впрочем станува збор за машината за пишување на култниот писател и авантурист со

Пронајдете не на следниве мрежи: