Андријана Јаневска го исполни ветувањето кое и го даде на Фифи

Пејачката Андријана Јаневска уште на самиот старт на музичкото шоу „Икс-фактор“ изјави дека сака да им подари песни на Фифи и Даниел Кајмакоски.Андријана веќе си го исполнила ветувањето, па така Фифи веќе извесен период е затворена во студио кај пејачката, каде што работи на снимањето на синглот, кој според најавите, ќе биде голем хит.
Со задоволство можам да кажам дека песната која ја правиме со Андријана Јаневска е скоро готова. Се надевам дека ќе ви се допадне, бидејќи ќе биде нешто сосема поинакво од она што го имам работено досега. Ти благодарам Андријана, ти си една прекрасна личност- напишала Фифи на профилот на Фејсбук, на што Андријана и одговорила:

 
– Ќе имаш најоригинална песна на естрадата, тоа е сигурно. Плус во комбинација со тебе како оригинална личност, нема да има промашување. Имаш талент, желба, харизма, се што е потребно за успех. Најискрено се надевам дека ќе имаш хит- се вели во коментарот на веќе искусната пејачка и текстописец.
 

Post by Fifi Salopchinska.
Андријана веќе си го исполнила ветувањето, па така Фифи веќе извесен период е затворена во студио кај пејачката, каде што работи на снимањето на си

Пронајдете не на следниве мрежи: