Андријана Јаневска сака да им подари песни на Даниел и на Фифи!

Андријана Јаневска сака им подари песни на Даниел Кајмакоски и на Филип Јаневски – Фифи, кои се дел од музичкото шоу Х-фактор. Вусшност, Фифи повеќе не е откако завчеравечер испадна во третата полуфинална емисија.„Најискрени честитки до нашите Македонци, Фифи и Даниел, кои не претставуваат на Х-фактор во најдобро светло!
Отсекогаш сум била за тоа да се поддржуваат нашите претставници во која било област, затоа би сакала да им кажам да не се разочаруваат каков и да биде исходот од ова шоу на крајот. Најважно е дека се талентирани и навистина сакаат да пеат.
Би сакала да им подарам песни (се разбира, доколку сакаат) текст, музика, аранжман, придружни вокали и снимање во студио. За понатаму ништо не можам да ветам, секој со својата среќа и секој по својот пат! Верувам дека имаат светла иднина пред себе и од срце им посакувам да бидат наследниците на македонската естрада”, напишала пејачката и композитор на профилот на Фејсбук.

Што се однесува на третата полуфинална вечер на ова музичко шоу, понатаму во следните фази, односно следниот вторник на телевизија Сител ќе ги гледаме Алекса Перовиќ, Харис Чато, Илма Карахмет, Доктори”, Даниел Кајмакоски, Лукијан Ивановиќ, Александра Брковиќ, Маид Хачимовиќ, 4У” и Александра Секулиќ, додека шоуто го напушти групата Х2О”, односно Фифи и Маринела, по дуелот со Александра Секулиќ.
Според мислењето на жирито, Александа беше подобра и ќе учествува во четвртата полуфинална вечер. Таа доби три гласа од жирито, а за Х2О” гласаше само нивната менторка, Кристина Ковач.
Даниел Кајмакоски повторно ги собра симпатиите на публиката и на жирито.
Конечно пеееше песна на својот мајчин јазик. Јас и се извинувам на македонската популација. Тој е голема ѕвезда во Македонија и во другите земји. Навистина беше фантастичен. Силно се борев да бидеш во мојата група”, рече Жељко Јоксимовиќ по настапот на Даниел, кој ја отпеа Сонце не ме грее”.
И останатите членови на жирито имаа само пофалби за стружанецот. Супер е песната, многу добро ја отпеа, навистина си на вистинскот пат да бидеш тој што го барамее, му рече Кики Лесандриќ, фасциниран од изведбата на Кајмакоски.
Извор:vecer.mk
 
 „Најискрени честитки до нашите Македонци, Фифи и Даниел, кои не претставуваат на Х-фактор во најдобро светло!
Отсекогаш сум била за т

Пронајдете не на следниве мрежи: