Анкета на „Димитрија Чуповски“: ВМРО-ДПМНЕ 39,2%, а СДСМ 14,9% поддршка

39,2 отсто за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 14,9 отсто за СДСМ. Ова се резултатите од најновото истражување на Институтот „Димитрија Чуповски“ спроведено помеѓу 30 Март и 2 Април 2016 година по пат на телефонска анкета на 1275 испитаници со цел да ги дознае ставовите на граѓаните за повеќе актуелни прашања во политичкиот живот во Република Македонија. Анкетите на овој Институт во минатото се покажаа како едни од најрелевантните во мерењето на рејтингот кој политичките партии го имааат меѓу граѓаните.-Истражувањето беше спроведено на ниво на Република Македонија, во сите шест изборни единици, со вклучување на повеќе демографски карактеристики на населението како пол и возраст, како и рурални и урбани места на живеење. Бидејќи целта на анкетата  беше да се дознаат перцепциите на граѓаните за двете најголеми партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Другите помали етникуми беа дел од анкетата, се ели во соопштението од Институтот.
За која партија би гласале на изборите на 5 Јуни

 
Проценти

 
Ниту една
15.5

Некоја друга
0.9

Не знам
29.5

СДСМ
14.9

ВМРО-ДПМНЕ
39.2

Вкупно
100

На кој од македонските политичари му верувате најмногу

 
Проценти

 
ниту еден
15.4

некој друг
4.2

не знам
27.4

Зоран Заев
7.3

Никола Груевски
39.5

Стевчо Јакимовски
2.2

Радмила Шеќеринска
0.4

Бранко Црвенковски
3.6

Вкупно
100

 

Со кое од понудените две тврдења би се согласиле  повеќе

 
Процент

 
Катица Јанева работи независно и професионално
20.4

Катица Јанева работи по налог на одредени домашни или странски фактори со цел да и наштети на ВМРО-ДПМНЕ
60.1

Не знам
19.5

Вкупно
100

 

Кое од следниве тврдења според вас е поточно

 
Процент

 
постојат многу гласачи „фантоми” на избирачкиот список со чија помош се нарушува изборниот процес и се местат изборите во корист на власта
23.1

Во македонија нема „фантоми” како што се виде и со проверката на списокот, туку тоа е само изговор за изборните порази на опозицијата
61.2

Не знам
15.7

Вкупно
100

 

Што сметате дека е поверојатно да биде крајната цел на САД и ЕУ во однос на политичката криза во Македонија

 
Процент

 
Демократизација и владеење на правото
22.2

Притисок за промена на уставното име
63.8

Не знам
14

Вкупно
100

Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,4%.-Истражувањето беше спроведено на ниво на Република Македонија, во сите шест изборни единици, со вклучување на повеќе демографски карактеристики на

Пронајдете не на следниве мрежи: