Анкета со шокантни резултати: Исус Христос игра за Челзи!?

Англиските медиуми ги шокираше истражувањето на еден шопинг центар, во кое беа опфатени илјада деца на возраст помеѓу 5 и 12 години.Имено, дури 20% од нив одговориле дека Исус Христос е фудбалер на Челзи, а неколку проценти (не се наведува колку) тврделе дека дека тој е нешто од останатите понудени одговори, само не Божји син.
На прашањето: „Кој е Исус Христос?“, биле понудени следните одговори:
а) фудбалер на Челзи,
б) Син Божји,
в) ТВ водител,
г) Натпреварувач на Х Фактор и
д) астронаут.
На пример, можно е дека 5-годишните и 6-годишните деца одговориле така, па затоа и истражувањето треба да се земе со доза претпазливост. Но, што да се рече за тоа дека дури 52% од децата сметаат дека Божиќ е роденден на Дедо Мраз, а 35% сметаат дека Исус е роден на Јужниот пол!?
Англиските медиуми велат дека е можно децата да мислеле дека Исус Христос (Jesus Christ на англиски) е играч на Челзи, бидејќи го помешале со фудбалерот на Манчетер Сити, Шпанецот Хесус Навас.
Вистинскиот дух на Божиќ и неговото значење за малите Британци е изгледа голема мистерија, што е поразителен податок за нивните родители и показател за тоа колку е развиено потрошувачкото општество.Имено, дури 20% од нив одговориле дека Исус Христос е фудбалер на Челзи, а неколку проценти (не се наведува колку) тврделе дека дека тој е нешто од

Пронајдете не на следниве мрежи: