Анкета за најдобриот телефон во 2013 година!

GSM Macedonia направи мала колумна но и анкета, за завршетокот на 2013та година кои од најдобрите брендови донесоа на пазарот и најдобри мобилни телефони. Останува на вас, кој е вашиот фаворит од наведените, во меѓу време прочитајте ги нашите мислења…
 
1.Iphone 5S

 
Телефон кој не понуди значителни промени од својот претходник, но толкава е технолошката предност на iPhone над конкуренцијата, што практично од Купертино и не мора премногу да се трудат за да останат на врвот.
Новиот 5S дојде со безбедносниот Touch ID, кој во развиениот свет го револуционизира начинот на плаќање и безбедност на самите уреди. Дополнет со засега нескршливиот Find My iPhone – телефонот одеднаш стана најтешкиот уред да се украде – за секој потенцијален крадец инстантно се претвора во цигла.
Од другите иновации го добивме iOS7 кој дизајнерски почна да легнува, особено со занимливиот Parallax ефект, живи и уникатни бои, како и скоро откриениот iBeacon кој едноставно го направи NFC стандардот да изгледа смешен.
Веројатно единствениот пропуст е во кругот на големината – особено кај оние корисници кои преферираат поголеми екрани.

2. Galaxy Note

Галакси Ноте 3 е се она што Галакси С4 требаше да биде – со исклучок на и понатаму досадната и неквалитетна изработка на куќиштето. Ноте 3 дојде на пазарот во време со iPhone 5S и покрај тоа успеа да си избори свој простор, што доволно кажува за привлечноста на овој уред.
Негова главна предност останува огромниот дисплеј од 5.7“, но и импресивните хардверски можности кои што ги нуди Snapdragon процесорот во комбинација со неверојатни 3GB рам меморија. Телефонот за разлика од претходните Самсунг Галакси серии се одликува и со прилично занемарлив лаг, и одлична оптимизација на софтверот во најголем дел.
Интересна иновација е и кожната позадина на телефонот, која е некаков обид на Самсунг да најде средина или нешто поинакво од алуминиумските куќишта на iPhone и HTC, кои секогаш ги добиваа највисоките оценки за премиум чувство. Решението на Note 3 добива високи оценки, ако за ништо друго, за уникатноста.
Останатите телефони и анкетата погледнете ги на: gsm.mkОстанува на вас, кој е вашиот фаворит од наведените, во меѓу време прочитајте ги нашите мислења…

Пронајдете не на следниве мрежи: