„Антолог“ ве води на новогодишно патување со најубавите книги

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со особено задоволство ги најавува празничните попусти и подароци, кои почнуваат денес, а ќе траат до средината на јануари следната година. На прашањето Каде за Нова година?, „Антолог“ ви нуди неколку „локации“ за неповторливо книжевно патување.– Овој период од годината сите постојано си го поставуваме прашањето „Каде за Нова година?“ и размислуваме каде да ги поминеме новогодишната вечер и воопшто сите празнични денови. Токму тоа нè инспирира на метафоричен начин на читателите да им понудиме неколку атрактивни „локации“, т.е. пакети со книги што може да им ги подарат на своите драги луѓе и на тој начин да им ги доближат Бразил, Италија, Канада, Русија и други земји на најубавиот начин: преку книгата. Бидејќи ова е период кога на сите ни е потребна ведрина и насмевки, сакавме малку да се пошегуваме, па направивме и два малку поинакви пакети со наслов Кафана и Дома, алудирајќи на можеби најчестите одговори на ова прашање во нашата средина – велат од „Антолог“.
А еве каде „Антолог“ ве води за Нова година…
Прославете ја „најлудата ноќ“ во сензуалниот Бразил, преку најчитаниот бразилски роман Габриела, каранфилче и цимет од Жорже Амадо, неповторливиот Армада од Жоао Жилберто Нол, забавниот Макунаима од Марио де Андраде, романтичниот роман Петте годишни времиња на љубовта Жоао Алмино и возбудливиот Деликатно злосторство од Сержио Сант ’Ана. Овој прекрасен пакет со новогодишно намалување од 1 220 на 899 ден.
Ве водиме и во недоволно откриената Канада преку книгите Книга на тајни од М.Г. Васанџи, Девојчето што премногу ги сакаше кибритчињата од Гаетан Суси, Ру од Ким Туи и Блуз од мешана крв од Еси Едуџин. Сето ова со специјален попуст од 1 000 на 699 ден.
Италија секогаш е интересна локација за патување, без разлика во кој период од годината, а ние ви ја доближуваме преку Емаус од генијалниот Алесандро Барико, Месечината и огновите од безвременскиот Чезаре Павезе и Челик од современата италијанска писателка Силвија Авалоне, со празнично намалување од 750 на 599 ден.
Ако сакате малку поинакво патување, тука е Русија со книгите Домот во кој… од Маријам Петросјан, Жените на Лазар од Марина Степнова, Случајот Кукоцки од Људмила Улицкаја и Градот Ен од Леонид Добичин, намалени од 1 290 до 999 ден.
Ве водиме и во блиската Турција преку пакетот во кој се вклучени возбудливите трилери Убиство во Капали чаршија од Есра Туркекул, Песните на кои не ме научи мајка ми од Селчук Алтун и Убиство во хотел Босфор од Есмахан Ајкол. Пакетот е намален од 790 на 599 ден.
За овие празници може да ја посетите и Скандинавија преку прекрасните книги од скандинавски автори: Роман 1987 од Даг Солстад, Сплендорвил од Елен Матсон, Победницитеод Рој Јакобсен, Ножот на Аврам од Отар М. Нордфјорд и Божикен ораториум од Јоран Тунстром. Овој пакет може да го добиете со празнично намалување од 1 700 на 999 ден./p>
Ако сакате празниците да ги поминете на некоја уште подалечна локација, ви го нудиме пакетот Егзотично, кој ги содржи Дланка полна бои од сингапурскиот писател Сучен Кристин Лим, Брик лејн од авторката Моника Али, родена во Бангладеш, Сведок од Аргентинецот Хуан Хосе Саер и Сушен период од Габриела Бабник за животот во Африка. Пакетот може да го набавите со специјален попуст од 1 220 на 899 ден.
Ако сепак се одлучите за Кафана, за вас совршен избор е пакетот со книгите: Жедниот од Абелардо Кастилјо, Џин од Мартин Шимечка, Зуење во главата од Драго Јанчар, Гаргара од Игор Станојоски и Седумтемина луди од Роберто Арлт, намален од 1 220 на 799 ден.
На оние што решиле овие празници да ги поминат во семејна атмосфера им го предлагаме пакетот Дома со книгите Спиј! од Анелис Вербеке, Повторно дома од Анти Тури, Родители и деца од Емил Хакл, Растењето на Лулу од Алмудена Грандес и Трошки од Миха Мацини. Овој пакет е намален од 1 180 на 799 ден.
„А за подарокот да биде комплетен, сите пакети се спакувани на оригинален начин, во специјални и торбички и пакетчиња“ – додаваат од „Антолог“.
Празничните попусти и пакети на „Антолог“ ќе важат во Книжевниот центар „Антолог“ на ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1, онлајн на kupikniga.mk, а наскоро и во електронската продавница на antolog.mk.
Разубавете им ги претстојните празници на своите блиски со оригинален подарок од „Антолог“.– Овој период од годината сите постојано си го поставуваме прашањето „Каде за Нова година?“ и размислуваме каде да ги поминеме но

Пронајдете не на следниве мрежи: