Апел до сите што ќе го следат натпреварот против екипата на Кил во “БОРИС ТРАЈКОВСКИ“!

Loading...

РК Металург в сабота, во СА “Борис Трајковски, ке одигра уште еден историски натпревар во ЕХФ ВЕЛУКС Лигата на шампионите, против германскиот шампион, екипата на КилРК Металург в сабота, во СА “Борис Трајковски, ке одигра уште еден историски натпревар во ЕХФ ВЕЛУКС Лигата на шампионите, против германскиот шампион, екипата на Кил. Четврт-финалната пресметка со екипата на Кил предизвикува огромен интерес и РК Металург ги презема сите организациски мерки за нормално и непречено одигрување на саботниот натпревар.
Натпреварт со Кил ќе биде под посебен мониторинг на ЕХФ, а потврда за тоа е номинирањето на дури тројца делегати: Клаус-Дитер Конвенц (Белгија), Тоно Хосе Хуелин (Шпанија) и Петер Хансон (Шведска). Канцеларијата на ЕХФ се обрати и директно до менаџментот на РК Металург изразувајки му целосна поддршка за тоа што го работи во последните три сезони и упати низа комлименти за досегашната организација на натпреварите од елитното европско натпреварување. Истовремено, ЕХФ побара од РК Металург да го задржи високото организациско ниво и да направи се, натпреварот со Кил да биде уште еден ракометен празник во Скопје. Секако, тоа подразбира и добивање препораки што ке треба да бидат испочитувани од страна на РК Металург.
Во интерес на безбедноста на сите што ке присуствуваат во СА “Борис Трајковски“, РК Металург апелира:

 
–  Без обезбедена влезница или акредитација, да не се тргнува кон СА “Борис Трајковски“.
–  Да не се носат метални предмети, особено монети и запалки, лименки и пластични или стаклени шишиња.
–  Доколку сепак бидат откриени метални и други тврди предмети, обезбедувањето на влезовите ке ги одземаат без исклучок.
–  Да се запази нумерацијата на седиштата во салата и да не се заземаат туги места.
–  Да не се седи на скалите, бидејки делегатите нема да дозволат почеток на натпреварот се додека не се создадат услови за игра.
–  Да не се фрлаат на теренот никакви предмети, па дури и од мек материјал, што подразбира максимална воздржаност.
РК Металург го упатува овој апел до сите навивачи, приврзаници, почитувачи и поддржувачи на клубот со цел уште еднаш да покажеме дека Скопје во моментот е центар на ракометна Европа, со изграден имиџ на ракометен град во које се игра жестоко, но се навива пристојно и во рамките на коректноста.
извор: РК МеталургРК Металург в сабота, во СА “Борис Трајковски, ке одигра уште еден историски натпревар во ЕХФ ВЕЛУКС Лигата на шампионите, против германскиот

loading...
Loading...