Апел за помош на Боро Стаиќ

Боро Стаиќ е 18 годишник кој летово во Охрид, скокајки во вода, скрши два пршлени и се здоби со целосна телесна парализа.
Во Словенија постои една болница која може да му обезбеди опоравување на Боро,  меѓутоа третманите се скапи, а потребни се најмалку година, до две лекување и нега за Боро да може да закрепне, а неговото семејство неможе да обезбеди доволно парични средства.
Затоа Општинска Организација на Црвен Крст од Кисела Вода, организира хуманитарна  забава чии средства ке бидат наменети за лекување на Боро Стаиќ.
Забавата ќе се одржи во четврток на 28 февруари во дискотеката Б2 со почеток во 21 часот, а ќе настапат Бени и Нонстоп, Пеперминт, Метаверсус, Хепи енд и Визија. Билетот чини 150 денари.
Еве и телефонски броеви на кои може да се донираат по 100 денари од јавување:070/143-112075/143-171077/143-402
Бидете хумани и доколку сте во можност поддржете ја оваа акција.Боро Стаиќ е 18 годишник кој летово во Охрид, скокајки во вода, скрши два пршлени и се здоби со целосна телесна парали

Пронајдете не на следниве мрежи: