сабота, 21 ноември 2026
Најново

Апелациja ja одби жалбата на СЈО за притвор на осомничен во „Тврдина“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли како недозволена жалбата на Специјалното јавно обвинителство за домашниот притвор на осомничениот Г.Г. во случајот „Тврдина“.– Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбите на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) и на осомничениот Г.Г. изјавени преку неговите бранители против решението на Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција од 01.04.2016 година при овој суд, донесе решение со кое истите се отфрлаат како недозволени, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Во образложението на решението на скопскиот Апелациски суд стои дека решението на Кривичниот совет на првостепениот суд КИОК-КС бр.39/16 од 01.04.2016 година не е донесено во прв степен за да по истото биде дозволена жалба до повисокиот суд, оттука првостепениот суд погрешно ги ценел и применил одредбите од членот 169 од ЗКП.
– Со ова решението на Основен суд Скопје 1  – Скопје станува правосилно со што ќе биде издадена наредба осомничениот Г.Г.  да биде префрлан во куќен притвор, се наведува во соопштението.– Апелациониот суд Скопје постапувајќи по жалбите на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината

Поврзани вести