Апенините пропаднаа за 40 сантиметри по силните земјотреси во Италија

Висината на планините во центарот на Апенинскиот срт е намалена за околу 40 сантиметри како резултат на земјотресите во Италија во последните два месеци.Ова е дел од истражувањето на група италијански експерти од Институтот за геофизика и вулканологија.
Според нив, тоа се случило по природните катастрофи, кои го погодија централниот дел на земјата на 24 август и на 26 октомври.
Апенините се прошируваат кон брегот на Јадранското и Тиренско Море.
Покрај тоа, стручњаците претпоставуваат дека силниот земјотрес со интензитет од 6,5 степени спорд Рихтерова скала што го потресе централниот дел на Италија, беше резултат на континуираната сеизмичка активност, започната на 24 август.
Тогаш беше регистриран подземен потрес со интензитет 6,0 во реонот на градовите Аматриче, Акумоли и Аркуата во централниот дел на Апенинскиот срт.
За последните два месеци во Италија имаше три силни земјотреси.
Првиот, на 24 август, зеде околу 300 жртви. На 26 октомври два подземни потреси со јачина од 5,4 и 5,9 предизвикаа материјална штета во голем број на градови, но немаше смртни случаи.
Благодарение на тоа што населените места таму беа целосно евакуирани, завчера исто така беа избегнати жртви.Ова е дел од истражувањето на група италијански експерти од Институтот за геофизика и вулканологија.
Според нив, тоа се случило по природни

Пронајдете не на следниве мрежи: