петок, 27 ноември 2026
Најново

Археолошкиот и Музејот на македонската борба како дел од „Европската ноќ на музеите 2016“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Археолошкиот музеј на Македонија се приклучува на „Европска ноќ на музеите 2016“ и вечерва од 18 часот па сѐ до полноќ овозможува бесплатен влез за посетителите.Со ова и Археолошкиот музеј се приклучува на сите музеи од земјите од Европа кои го слават културното наследство и ги отвораат навечер вратите за посетителите. Настанот е со седиште во Париз и се повторува по 13-ти пат годинава.
Од Археолошкиот музеј информираат дека поради неизвесната бројка од посетители, водичите нема да презентираат низ музејската поставка, а последниот термин за влез ќе биде 23:30 часот.
И НУ Музеј на македонската борба организира изложба по повод европската манифестација „Ноќ на музеите“ и 25 години од постоењето на најмалиот етнолошки музеј на светот од Џепчиште, Тетовско,  која ќе се одржи во фоајето на музејот, со почеток во 20 часот. Посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата и утре.Со ова и Археолошкиот музеј се приклучува на сите музеи од земјите од Европа кои го слават културното наследство и ги отвораат навечер вратите за п

Поврзани вести