Археолозите открија голема тајна на мексиканската пирамида

Научниците во внатрешноста на пирамидата Кукулкан во источниот дел од Мексико откриле уште две структури, што укажува дека оваа градба е ѕидана слично на „руските бабушки“.Под 30 метри високата пирамида се наоѓаат уште две – една висока 20, а другата 10 метри.
Најмалата пирамида на овој комплекс попознат како Чичен Ица, изградена е околу 500. и 800. година, а средната структура која е откриена уште во 30-тите години од минатиот век, направена е помеѓу 800. и 1000. година. Последната, онаа која е видлива однадвор, изградена е помеѓу 1050. и 1300. година.
„Структурата потсетува на руските бабушки. Во големата пирамида имаме една помала, а во нејзината внатрешност има уште помала“ – вели Рене Чавес Сегуро, геофизичар и водач на истражувањето.
Најмалата пирамида е откриена благодарение на неинвазивни техники на скенирање.
Откритието би можело да го смени гледиштето на мајанската култура пред да потпадне под влијание на популацијата од централно Мексико.
Инаку, во 2015 година археолозите откриле дека пирамидата Кукулкан е изградена над подземна река која Маите ја сметале за света.Под 30 метри високата пирамида се наоѓаат уште две – една висока 20, а другата 10 метри.
Најмалата пирамида на овој комплекс попознат

Пронајдете не на следниве мрежи: