четврток, 12 ноември 2026
Најново

Арсенал ќе испрати понуда вредна 50 милиони фунти за Суарез?!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Арсен Венгер е решителен во однос на тоа да го доведе уругваецот во екипата на Арсенал.Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, уругвајскиот интернационалец Луис Суарез, одби да се извини до клубот, сам тренира во Мелвуд, а се чини дека Арсенал сака да извлече корист од целата ситуација околу уругваецот.
Се претпоставува дека Арсен Венгер ќе испрати нова понуда за ангажман на Луис Суарез, ни помалку ни повеќе, „штедливиот“ Венгер наводно, според информациите кои ги пренесуваат англиските медиуми, ќе испрати дури 50 милиони фунти, а тоа би значело дека Ливерпул би можел да ја прифати таа фантастична понуда.
„Тој е сега лут и на Роџерс и на целата управа на тимот, инаку лут е на Роџерс поради тоа што едноставно тој не требаше да се меша во целата ситуација и да зазема страна. Луис бара да се испочитува ветувањето, но ја почитува и клаузулата од договорот со клубот“ вели неименуван извор близок до напаѓачот на Ливерпул.Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, уругвајскиот интернационалец Луис Суарез, одби да се извини до клубот,

Поврзани вести