Арсенал се избламира против Блекбурн

Екипата на Блекбурн, го елиминира Арсенал и направи вистинска сензација во осминафиналето на ФА купот.
Второлигашот Блекбурн, на теренот на противникот, забележа минимална победа со голот кој во 72.минута го постигна Казим-Ричардс.
Елиминацијата од Блекбурн дополнително ќе го зголеми притисокот врз менаџерот на ‘тобпџиите’, кои уште една сезона ќе завршат без освоен трофеј,бидејќи нереално е да се очекува дека можат да ја освојат Лигата на шампиони.
Покрај Блекбурн, пласман во четврт финалето изборија Милвол со победата од3:0 над Лутон и Барнсли кој со 3:1 го совлада МК Донс, додека Олдам и Евертон ќе одиграат нов натпревар, откако првиот меч заврши без победник 2:2.
Во недела на програмата се дуелите Манчестер Сити-Лидс и Хадерсфилд-Виган,додека Манчестер Јунајтед во понеделник ќе го пречека Рединг.
МакфаксЕкипата на Блекбурн, го елиминира Арсенал и направи вистинска сензација во осминафиналето на ФА купот.

Пронајдете не на следниве мрежи: