Арсовска-Томовска на саемот во Барселона направи увид на паметните училници кои ќе ги има и во земјава

По потпишувањето на Договорот за економска и техничка соработка во Рига помеѓу Кина и Македонија, официјално започна спроведувањето на проектот „Македонска едукативна мрежа“ (Macedonian Education Network Project).Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска деновиве учествува на светската конференција „Смарт сити“, која се одржува во Барселона, каде што беа презентирани паметните училници кои кинеската влада ќе ги донира во средните училишта во Град Скопје.
За време на презентацијата беше остварена комуникација во реално време со тренинг-центарот во Кина, кој е во сопственост на изведувачот на проектот „Хуавеј“.
Министерката имаше можност да го користи софтверот преку кој учениците ќе ја следат наставата, а професорите полесно ќе ја предадат планираната наставна програма, ќе спроведуваат тестови или брзи квиз-прашања, како и презентација на најдобрите решенија од учениците за време на часот.
За време на конференцијата, министерката оствари средби и со претставниците на „Дојче телеком“ кои го презентираа паметното решение за отворени податоци и решението за полнење на електрични автомобили.Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска деновиве учествува на светската конференција „Смарт сити&ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: