Арсовска-Томовска оствари средба со потпретседателот на кинеската компанија „Boco“

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска оствари средба со Чу Јужин од кинеската компанија Boco – „Bright Oceans Corporation“, која е во посета на Македонија со цел подобро запознавање со земјата и регионот и потенцијални можности за инвестирање.На средбата, како што информираа од МИОА, присуствуваше и директорот на Управата за електронско здравство Милан Аризанкоски кој го презентираше македонскиот ИТ систем за е-здравство.
На состанокот е презентиран информацискиот систем кој компанијата Boco го има поставено во Кина, специјализиран во телемедицина и размена на 3Д рендгенски снимки. Притоа, договорени се повеќе средби кои треба да се остварат во следниот период, со цел размена на искуства на ова поле.
Кинеската компанија „Bright Oceans Corporation“-BOCO  со 12.000 вработени, има реализирано околу 90 отсто од инфраструктурата на China Telecom, China Mobile и China Unicom и има годишен обрт од три милијарди долари. Покрај проектите од ИТ индустријата, работи и во делот на енергетиката и рударството, а е  партнер на светски познатите имиња како што се IBM, Oracle, HP, Ericsson, Microsoft.
На средбата, како што информираа од МИОА, присуствуваше и директорот на Управата за електронско здравство Милан Аризанкоски кој го презентираше мак

Пронајдете не на следниве мрежи: