АСАМИ САТЕ- пијано!

Асами Сате е родена во Точиги, Јапонија. Започнала да учи пијано на три годишна возраст, а веќе на седум годишна возраст почнала да учи и композиција.Во текот на своето школување имала можност да работи со врвни музички педагози како Yoko Saito, Nobuko Kondo, Ryoko Fukazawa, Shun Sato and Masahiro Kawakami. Паралелно со студиите на Tokyo College of Music, таа се усовршувала кај Mihal Rezek во Прага и Viktor Teuflmayr во Виена. Во 2003 година, победува на Интернационалниот натпревар по пијано во Осака. По дипломирањето во 2004 година, таа ја добива стипендијата од фондацијата Iizuka Takeshi Scholarship, со која ги продолжува студиите по пијано на Longy School of Music во Бостон кај Victor Rosenbaum. Во Бостон учи и камерна музика и корепетиција кај Robert Merfeld, Wayman Chin и Brian Moll. Во 2005 година, го одржува својот прв рецитал во Бостон, со кој брилијатно дебитира на сцената САД.
Покрај постојаното усовршување како пијанист, Асами Сате е позната и како светски уметнички/музички продуцент. Уште како студент во 2004 година, успеа да го привлече вниманието на публиката со нејзината работа како продуцент на проектот „Светот на Штокхаузен“ кој се реализираше во познатата концерна сала Suntory Hall во Токио. Како музички продуцент се усовршува работејќи на музичкиот фестивал Hot Spring Music Festival, каде има можност да работи во 2006 година. За нејзината успешна работа како музички менаџер зборува и соработкатасо голем број престижни оркестри и музички уметници, за културна размена меѓу САД, Европа и Азија.
Неодамна, Асами Сате го издаде и своето прво ЦД (отсликување на убавината на водата и месечината) по повод 10 годишнината од нејзиното деби како пијанист. Нејзината интерпретација на пијано доенсува длабока страст, но и јасна итерпретација. Посебно воодушевувачки е нејзиниот јасен и колоритен тон, кој е високо оценет кај критикиката и публиката во светот.
 Во текот на своето школување имала можност да работи со врвни музички педагози како Yoko Saito, Nobuko Kondo, Ryoko Fukazawa, Shun Sato a

Пронајдете не на следниве мрежи: