Астрономите снимија како црна дупка проголтува ѕвезда

Loading...

Иако се уште не можеме директно да ги видиме црните дупки, истражувачите неодамна фатија еден од овие заспани ѕверови како се буди и проголтува ѕвезда на поминување.Црната дупка е наречена Swift J1644+57, и се наоѓа на оддалеченост од околу 3.8 милијарди светлосни години, во центарот на релативно мирна галаксија. Оваа супермасивна црна дупка беше забележана во 2011 година, кога се разбуди за да проголта ѕвезда. Иако црната дупка е невидлива, таа ја распарчи материјата од која е создадена ѕвездата оставајќи светлината да паѓа врз ѕидовите на дискот околу црната дупка.
Анализирајќи го одбивањето на светлината, астрономите успеаа да ја дефинираат геометријата на црната дупка анализирајќи го дискот што се создава за време на еден ваков застрашувачки настан.
Иако ваквите настани не се толку ретки, многу се тешки за воочување со оглед на фактот дека повеќето црни дупки испуштаат енергија во спектарот на рендгенските зраци, а за тие да се видат потребна е вселенска опсерваторија како Swift на НАСА, или XMM-Newton на Европската Вселенска Агенција. Истражувачите во 2011 година успеаа да го фатат почетокот на овој настан што траеше 200 денови.
Се уште е непознато зошто ваквите настани се гледаат толку ретко, иако теоријата предвидува дека треба да ги гледаме многу почесто.Црната дупка е наречена Swift J1644+57, и се наоѓа на оддалеченост од околу 3.8 милијарди светлосни години, во центарот на релативно мирна галаксиј

loading...