Атлетико Мадрид заинтересиран за Мата

Шпанскиот тим Атлетико Мадрид е сериозно заинтересиран да во своите редови го доведе Хуан Мата.Шпанските медиуми пренесуваат дека тимот на Атлетико Мадрид го посакува Хуан Мата во своите редови.
Прашање е само колку е сето ова остварливо, и колку ќе биде возможно Мата да прифати таков чекор.
Имено, шпанските медиуми велат дека Атлетико Мадрид сака Мата да го доведе на позајмица, што секако е премногу тешко за верување, но од друга страна вреди да се спомене дека англиските медиуми речиси секојдневно се занимаваат со трансфер шпекулации поврзани со Мата, кој иако игра одлично во дресот на Челзи, сепак постојано е поврзуван со заминување од англискиот премиерлигаш.
Се шпекулира дека причина за сево ова е дека Мата наводно не се вклопувал во идеите на тренерот на Челзи, Жозе Мурињо.Шпанските медиуми пренесуваат дека тимот на Атлетико Мадрид го посакува Хуан Мата во своите редови.

Пронајдете не на следниве мрежи: