Audi го претставува S3 Cabriolet

–  Со 300 КС и 380 Nm е најмоќен од досега
– Првиот S Cabriolet во компактната класа
– quattro погон за фасцинантно возачко искуствоДинамика на отворено. Audi го претставува S3 Cabriolet. Кабриолетот со  четири седишта е незаменлив во својот сегмент. Неговиот 2.0 TFSI мотор развива 221 kW ( 300 КС) и обезбедува 380 Nm вртежниот момент. Со S Tronic автоматскиот менувач троши во просек само 7,1 литри гориво на 100 километри, а емисијата на CO2 изнесува 165 грама на километар. Се разбира, S3 Cabriolet на располагање го има quattro постојаниот погон на сите тркала – кој е добра основа за оптимална тракција и возна динамика при сите услови на патот. Апсолутно лесната конструкција и високите перформанси на шасијата го комплетираат профилот на Audi S3 Cabriolet, кој ќе се појави на пазарот ова лето. 
Однадвор, Audi S3 Cabriolet има спортскa фигура. Тој е 4,43 метри долг, 1,79 метри  широк и 1,39 метри висок, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2,60 метри. Пропорциите се проширени и елегантно избалансирани со прецизни линии и заоблени мускулести странични површини.
Кабриолетот со четири седишта има мек покрив кој се движи со помош на  електро -хидрауличен систем. Магнезиум, алуминиум и челик со голема цврстина го прават моделот полесен. Одличната изолација на покривот ја намалува бучавата. Кровот кој е достапен во три бои се отвора или затвора за 18 секунди, дури и додека возилото се движи со брзини до 50 km/h. Автомобилот има активен систем за заштита од превртување и ги штити патниците во случај на незгода.
Audi S3 Cabriolet го има врвниот 2.0 TFSI мотор, кој обезбедува 221 kW (300 КС) помеѓу 5500 и 6.200 вртежи во минута и произведува 380 Nm од 1800 до 5500 вртежи во минута. Со S tronic автоматскиот менувач овој кабриолет со четири седишта забрзува од 0 до 100 km/h за 5,4 секунди. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km / h. Audi S3 Cabriolet, без возач,  тежи само 1620 килограми.Динамика на отворено. Audi го претставува S3 Cabriolet. Кабриолетот со  четири седишта е незаменлив во својот сегмент. Неговиот 2.0 TFSI мотор

Пронајдете не на следниве мрежи: