Audi и Реал Мадрид се партнери веќе десет години

Audi и Реал Мадрид го прославија десетгодишното партнерство со предавање на автомобили на еден необичен терен. Играчите, тренерите и официјалните претставници на најтрофејниот шпански клуб се собраа на теренот за коњички спортови „Ла Зарзуела“, лоциран на периферијата на шпанскиот главниот град, за да доживеат уникатно quattro искуство. Фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо, Чаби Алонсо и Герет Бејл најпрво на трибините гледаа натпревар во галоп, а потоа имаа можност лично да се запознаат со супериорните перформанси на quattro постојаниот погон на четири тркала на патека со пречки и на off-road терен. Кулминација на ова случување беше предавањето на новите Audi автомобили, кои фудбалерите сами си ги избраа од гамта на брендот. Уште од сезоната 2003/2004 тимот на Реал Мадрид вози исклучиво Audi автомобили, а брендот е присутен на легендарниот стадион Сантијаго Бернабеу и многу други места каде што настапува тимот на Реал Мадрид.Играчите, тренерите и официјалните претставници на најтрофејниот шпански клуб се собраа на теренот за коњички спортови

Пронајдете не на следниве мрежи: