Audi испорача 1,57 милиони возила во 2013 година

• Во светски рамки продажбата се зголеми за 8,3%, благодарение на големата побарувачка за новото А3 семејство и моделите од семејството Q
• Директорот на Audi, Руперт Штадлер изјави: “Повеќе 600 000 нови клиенти во последниве четири години ”
• Директорот на продажба Лука де Мео изјави: “Во 2013 година, Audi постави нови продажни рекорди на повеќе од 40 пазари и за прв пат стана водечки премиум бренд во Велика Британија “Нов рекорд, најголем број на испораки во историјата на AUDI AG: Во 2013 година, компанијата испорача околу 1 575 500 автомобили во светски рамки, што претставува зголемување на испораките за 8,3% во однос на 2012 година. Производителот на премиум автомобили четири последователни години го зголемува бројот на испораки за повеќе од 100 000 автомобили годишно. Предводници на растот во текот на изминатата година беа трите најголеми пазари за Audi, кои пријавија двоцифрена стапка на пораст: Кина 21,2%, САД 13,5% и Велика Британија 14,9%. Во Европа и Кина, брендот со четири прстени уште еднаш го предводи премиум сегментот – Audi e најпродаван премиум бренд. Audi ја заврши годината со раст од 18,4% или вкупно 130 700 испорачани возила во месец декември.
” Изминатата година беше важна пресвртница за Audi: Ние, две години пред планираното, ја  остваривме нашата среднорочна стратешка цел – 1,5 милиони испораки годишно, бројка која минатата година удобно ја надминавме”, изјави Руперт Штадлер, претседател на одборот на директори во AUDI AG и додаде „Оваа бројка покажува дека само во изминативе четири години, Audi привлече повеќе од 600 000 нови клиенти” 
Лука де Мео, член на одборот на директори за продажба во AUDI AG,  фокусирајќи се на глобалните перформанси на Audi изјави “Минатата година Audi постави нови продажни рекорди на повеќе од 40 пазари. Во Велика Британија ние за прв пат станавме водечки премиум бренд“Нов рекорд, најголем број на испораки во историјата на AUDI AG: Во 2013 година, компанијата испорача околу 1 575 500 автомобили во светски рамки, ш

Пронајдете не на следниве мрежи: