Audi се враќа во Кицбил „Земја на quattro”

• Audi e партнер на легендарните трки по 14-ти пат
• Најважното случување кое е дел од  Audi FIS светското првенство ќе се одржи во Тирол од 24-26 јануари
• Важни гости ќе присуствуваат на традиционалната Audi вечерВозбудливата трка која е дел од Audi FIS светското првенство е  важна фаза на патот кон Олимписките игри во Сочи. За најдобрите светски скијачи, Ханенкам трка која ќе се одржи следниот викенд, има посебен значење. Audi е партнер на ова случување по 14-ти пат и за време на викендот го претовари Кицбил во „Земја на quattro”.
Audi ќе придонесе за убава дружба на учесниците и во петок вечер ќе биде домаќин на  традиционалната Audi вечер. Хотелот „Zur Tenne” кој е сместен во стариот дел на градот, ќе ги прими гостите од спортот, бизнисот и медиумите пред натпреварите кои следат. Брендот на располагање ги стави  Audi Q7 и Audi А8 L како официјални возила кои ќе ги придружуваат гостите до црвениот тепих.
74-тата трка во Кицбил повторно го привлекува вниманието. Во петок наутро спортистите ќе се натпреваруваат во дисциплината супер велеслалом (Super G), а попладнето ќе возат слалом во комбинација.  Севкупниот победник официјално ќе биде прогласен за  „Ханенкам шампион”. Во сабота, вообичаено, започнува највозбудливиот дел, спустот наречен   “Streif”,  а потоа е слаломот со кој завршува викендот. Оние кои триумфирале на „Streif“ се сметаат за лидери во зимскиот спорт. Изминативе години херој беше швајцарецот Дидиер Куш, кој победи четири пати од 2008 до 2012 година како и  Ивица Костелиќ од Хрватска кој исто така победи четири пати по ред.Возбудливата трка која е дел од Audi FIS светското првенство е  важна фаза на патот кон Олимписките игри во Сочи. За најдобрите светски скијач

Пронајдете не на следниве мрежи: