Audi TT 1.8 TFSI: Спортист во компактна форма

Нова верзија и нови мотор кај Audi TT Coupe и Roadster  
132 kW / 180 КС, од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди.Audi воведува нов мотор во новата генерација на моделот TT. Од јули, компактниот спортски автомобили, ќе биде достапен и со моќниот 1.8 TFSI мотор со 132 kW односно со 180 КС.
Турбо 1.8 TFSI моторот има работна зафатнина од 1.798 см3 и го постигнува својот максимален вртежен момент од 250 Nm помеѓу 1.250 до 5.000 вртежи во минута. Преку дополнителни модификации на систем за директно вбризгување FSI, се постигна намалување на емисиите на штетни гасови. Audi со valvelift системот ги подобри перформансите на моторот.
Ротирачките вентили со термичко управување и интегрираните издувни цевки во главата на цилиндерот играат голема улога во ефикасноста на моторот со четири цилиндри. Audi ТТ Coupe со шест брзинскиот мануелен менувач забрзува од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди, или за 7,0 секунди доколку клиентите се одлучат за автоматски шест брзински S- Tronic менувач, моделот продолжува со извонредно забрзување се до максималната брзина од 241 km/h.
Audi TT Roadster, со мануелен менувач забрзува до 100 km/h за 7,2, додека пак моделот со автоматски S-Tronic менувач за 7,3 секунди. И кај двете верзии максималната брзина изнесува 237 km/h. 1.8 TFSI Coupe има просечна потрошувачка од само 5,7 литри на 100 km, а емисијата на CO2 изнесува 129-138 g на километар. Audi ТТ Roadster 1.8 TFSI има просечна потрошувачка од 5,8 литри, а емисијата на CO2 изнесува 132-142 g на километар.Audi воведува нов мотор во новата генерација на моделот TT. Од јули, компактниот спортски автомобили, ќе биде достапен и со моќниот 1.8 TFSI мотор

Пронајдете не на следниве мрежи: