Авион полн со водоинсталатери морал да слета поради дефект на веце-школката

Кога ги известиле патниците за причините за прекинувањето на летот, сите започнале да се смеат.Франк Олсен, директор на компанијата Роркјоп и неговите 70 водоинсталатери патувале со авион од Норвешка до Германија, каде што учествувале на саем за опрема.
Сепак, веднаш по полетувањето екипажот на авионот забележале дефект во тоалетот, па според прописите морале да се вратат и повторно да слетаат.
Кога ги известиле патниците за причините за прекинувањето на летот, сите започнале да се смеат.
– Ретко се случува патниците да мора да слетаат поради проблеми со тоалетот, а да бидат така весели, изјави Олсен.
– Ние сакавме да го поправиме тоалетот, но за жал тоа може да се прави само од надвор, изјави тој.
Дефектот бил забележан 15 минути по полетувањето, а авионот требало да кружи уште еден час во близина на Осло за да потроши доволно гориво за безбедно слетување.Франк Олсен, директор на компанијата Роркјоп и неговите 70 водоинсталатери патувале со авион од Норвешка до Германија, каде што учествувале на саем

Пронајдете не на следниве мрежи: