Австрија најави забрана за употреба на симболи на терористичките организации

Австрискиот Парламент предаде предлог-закон за забрана на употреба на симболи на терористички организации, како што се Исламската држава и Ал Каеда во јавноста.Предлог-законот најавува и казна до шест недели затвор за сите оние кои нема да го почитуваат законот и кои ќе се обидат да носат симболи на ИД на јавни места.
Законот не важи за верските обележја.
Симболите, како што се знамиња, ознаки или амблеми на ИД, или на Ал Каеда, како и на групи кои им се блиски, во иднина ќе бидат забранети во Австрија, порачуваат претставниците, додавајќи дека е забранета и нивната употреба на Интернет.
Можно е воведување и парична казна од 4.000 евра, покрај затворската.
Оние кои повторно нема да го почитуваат законот, ќе бидат казнети со 10.000 евра.Предлог-законот најавува и казна до шест недели затвор за сите оние кои нема да го почитуваат законот и кои ќе се обидат да носат симболи на ИД на

Пронајдете не на следниве мрежи: