Австриската Слободарска партија задоволна од почетокот на коалициските преговори со Курц

Австриската крајна десна Слободарска партија (FPÖ) во средата почетокот на коалициските преговори со лидерот на конзервативната Австриската национална партија (ÖVP), Себастијан Курц, ги оцени како „многу многу добри“.Австриската национална партија (ÖVP) на Себастијан Курц победи на вонредните парламентарни избори минатата недела освојувајќи 31,5 отсто од гласовите, но им е потребен коалициски партнер за да се формира стабилна влада.
Тврдиот став на Курц кон имиграцијата и одлуката да ја заврши коалицијата со Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ), кои на изборите дојдоа на второто место пред десничарската Слободарска партија (FPÖ), којашто сега станува посакуван коалициски партнер.
„Денеска имавме многу многу добар почеток на преговорите… позитивно меѓусебно одмерување на преговарачките димови“, изјави лидерот на „слободњаците“, Хајнц-Кристијан ШТрахе на заедничката прес-конференција со Курц, по заврпшувањето на првиот круг од преговорите.
Ваквите преговори во Австрија вообичаено траат околу два месеца, а Курц се надева дека договорот за формирањето на новата влада ќе биде постигнат до католички Божик.
Двете партии договориле пет насоки во коишто разговорите би требало да се движат, од науката и природната средина до „безбедноста, редот и заштитата на татковината“. Тие имаат многу слични ставови за имиграцијата, но преговорите не започнаа со оваа тема.
Челниците на двете партии изјавија дека во прв ред ќе разговараат за намалувањето на неефикасната јавна потрошувачка, и ќе ги анализираат податоците од министерството за финансиите, за да одлучат каде може да се направат штедењата.Австриската национална партија (ÖVP) на Себастијан Курц победи на вонредните парламентарни избори минатата недела освојувајќи 31,5 отсто од гл

Пронајдете не на следниве мрежи: