Автомобил удрил во девојче додека трчала преку улицата за да го прегрне својот татко

Каква тага, трагедија. Шестгодишно девојче го удрил автомобил додека трчала преку улицата за да го прегрне својот татко, по роденденската забава на која била со другарчињата.Се се случило наеднаш. Лара Фернандез-Понтес (6) ја преминувала улицата во Јужно Охајо (Хертфоршир, Велика Британија). Трчала кон нејзиниот татко кој го паркирал автомобилот на другата страна од улицата. Дошол да ја земе од роденденската забава.
Девојчето било однесено во болница со хеликоптер, но и покрај сите напори на докторите не можеле да ја спасат.
„Девојчето беше на роденденска забава кај пријатели. Нејзината мајка влезе внатре да ја земе, додека татко и остана во автомобилот со други деца, веројатно браќа или сестри на Лара. Таа потрча кон него кога наиде автомобил и ја удри.Тоа е шокантоно и многу тажно. Дојде ина помош,но таа беше мртва“, изјавил за новинарите соседот Карлос Алвес.
Родителите Марлене и Андре Понтес се неутешни. Им се пружа психолошка помош.
Полицијата во Хертфоршир води истрага и сака да земе изјави од повеќе сведоци. И полицајците се длабоко потресени. Возачот од автомобилот и патниците поминале без повреда, но сите се во шок.

 Се се случило наеднаш. Лара Фернандез-Понтес (6) ја преминувала улицата во Јужно Охајо (Хертфоршир, Велика Британија). Трчала кон нејзиниот татко к

Пронајдете не на следниве мрежи: